Каква е повредата на Салах и ќе игра ли на Светско?

По загубеното финале на Лига на шампиони од Реал, Јирген Клоп не го критикуваше Кариус, но призна дека повредата на Мохамед Салах ја скршила неговата екипа.Притоа не баш сите сфатиле што така лошо се случи со Египѓанецот по дуелот со Серхио Рамос после кој Салах го напушти теренот.

Тој за среќа не скинал лигаменти, ниту пак истегнал задна ложа туку само го повреди рамето. Дали е тоа толку сериозна повреда да излезеш од сред финале на ЛШ? Докторите велат 100% да.

Физиотерапевтот на Ливерпул Рубен Понс раскажува: „Веднаш кога Салах падна сфативме дека е нешто сериозно: тој никогаш не се жали“. Понс е човек во кого Салах има апсолутна доверба и тој дури побарал од доктор Рубен да патува со него и репрезентацијата на Египет на Светското во Русија.

Понс го изнесе расплаканиот Салах од теренот кога сфатил дека не може да го продолжи мечот.

„До паузата бевме на стадионот. Јас бев просто убиен, но се обидував да бидам спокоен. Му кажав дека ништо не може да се стори, да не се грижи дека ќе најдеме решение и да не жали што не успеал да продолжи“, раскажува лекарот на Ливерпул.

Пред почетокот на вториот дел Мохамед и Понс излегле од стадионот и се упатиле во болница за време на мечот кој Салах го следел од социјалните мрежи. Од болница се вратиле назад на „Олимпискиот стадион“ но стигнале по крајот на мечот и церемонијата на доделување медали и пехар. Играчите на Ливерпул го чекале Мо да се врати.

Салах и главниот доктор на Ливерпул, Рубен Понс

„Му помагавме да оди затоа што не можеше сам. Потоа отидовме на аеродром“, додава Понс.

Уште во време на финалето се појави информација дека Салах има сериозна повреда на грбот и дека ќе го пропушти Мундијалот на кој неговиот Египет ќе се појави првпат после повеќе од 25 години. Но веќе следниот ден прогнозите биле далеку подобри - Мохамед имал истегнување на рамото и ќе успее да се опорави до Светското.

Понс за англискит медиуми изјавил: „Тој е растроен од тоа што се случи но 100 проценти е фокусиран на опоравокот и чека кога ќе може да се врати. Најверојатно ќе паузира три-четири недели но ќе се обидеме да го скратиме времето. Тоа е наша главна цел“.

Ако Салах пропушти три недели тоа значи дека ќе се врати на време за мечот против Русија во групата. Ако пропушти четири недели тоа значи дека воопшто нема да заигра во групната фаза.

Во моментов Салах оди на терапии и масажи во Валенсија. Го сликале во авион.

Докторите на египетската репрезентација изјавиле дека оваа повреда не е поврзана со никаква скршеница, туку едноставно се работи за трауматска повреда. За две три недели, велат, ќе биде како нов.

На прашањето како оваа незгодна повреда смета во играта, доктор Понс вели: „Болен е секој замав со рацете, секој контакт а вие знаете дека во фудбалот ве држат за раце, ве туркаат зад грб, ве влечат за дрес и тоа е болно“.