Каков капитен си ти кога ги оставаш другарите кога тоне бродот?

Фернандо Гаго важи за еден од омилените фудбалери на Бока Јуниорс меѓу навивачите. На времето како голем талент заигра и во Реал Мадрид, но кариерата му се памети само по чести повреди и отсуства од теренот. Синоќа во најважниот меч за секој жив навивач на Ривер и Бока, Гаго влезе во 89’ минута место капитенот Пабло Перез и веднаш ја доби капитенската лента како заменик капитен.

После неколку минути игра, додека неколку негови соиграчи од одбраната во грчеви едвај стоеа на терен но издржаа, Гаго ноншалантно среде акција на Ривер во 120 и некоја минута си излегува од терен и ги остава своите на дополнително цедило (тренерот немаше право на измени па гестикулираше кон Фернандо Гаго да остане на терен уште малку):

10 декември 2018 - 10:19