Каков цреп излезе Адебајор со гестов

Арсенал го направи славен играч, таму постигна најмногу голови во кариерата, но тој реши не да ги изнервира, туку речиси да ги плукне в лице, а старите велат дека во старо буре не се плука. Ако ја гледаме и другата страна, се разбира дека и навивачите реагираа крајно простачки.

Емануел Адебајор направи трансфер од Арсенал во Манчестер Сити во 2009-та за сума од 25 милиони фунти и веќе два месеци по трансферот успеа да го совлада својот поранешен клуб.

Кога го постигна голот на мечот кој го доби Сити со 4:2, се забрза и бесен во лицето истрча 100 метри за да го прослави голот под трибината каде беа навивачите на Арсенал. За едни тоа е легендарен потег, за други иритирачки.

По мечот се бранеше велејќи:

„Ако ве пцујат лично цело време се разбира дека ќе реагирате“.

Но ФА за реакција го казни со 25.000 фунти, го суспендираше на два меча и излезе со следново соопштение:

„При носењето на одлуката, комисијата го зеде предвид неговото признавање на обвинението, јавно извинување и исклучително провокативната природа на злоупотреба што ја доби. Сепак од комисијата изјавија дека играчите имаат одговорност да се однесуваат на правилен начин и дека ваквите прослави се неприфатливи и имаат потенцијал да предизвикаат сериозен инцидент во јавниот ред“.

Навивачите на Арсенал велиме дека реагирале простачки бидејќи Адебајор се пожали на следниве скандирања од трибина:

„Мајка ти е курва, а татко ти мие слонови“.

Но и покрај тоа фудбалот му носи огромна заработка и публицитет, а со тоа е должен да промовира спортски модел на однесување. Мани тоа, јавна личност си.

Како реагираа навивачите на таа провокација

12 септември 2019 - 15:28