Како Зидан го сочека Лука Модриќ да го заврши ритуалот

Реал Мадрид се спаси на мечот против Бетис во саботата, по негатива од 2-1 го сврте резултатот 2:3 и победи. Во првиот дел имаше еден интересен момент кој камерите го забележаа.

Германецот Тони Крос се повреди во првиот дел од дуелот со Бетис во Андалузија, па на негово место во игра Зидан го стави Лука Модриќ.

Хрватот пред да влезе во игра, на аут линијата го изврши својот редовен ритуал и тоа додека Зидан трпеливо го чекаше.
35-годишниот Модриќ клекна на колено и го бакнуваше едниот костобран на кој секогаш, без исклучок има фотографија од неговата сопруга и неговите деца, со икона на врвот.

И покрај тоа што Реал во тие моменти играше со играч помалку на теренот, големиот Зидан стрпливо го почека Модриќ и не го прекинуваше за време на ритуалот.

 

28 септември 2020 - 15:54