Како се случи катастрофата со хеликоптерот во која загина газдата на Лестер

Хеликоптерот на тајландскиот милијардер Вичај Шривадханапрабха се урнал веднаш по полетувањето од „Кинг Пауер“ стадионот каде газдата редовно слетуваше да го гледа клубот на кој му ја донесе историската титула.

Досега официјално е објавено:

- Хеликоптерот полетал од средината на игралиштетот после мечот со Вест Хем во саботата и се урнал само неколку секунди по полетот.

- Во катастрофата загинале пет луѓе меѓу кои и сопственикот на клубот. Официјална потврда за тоа по неколкучасовен молк стигна во неделата доцна вечер. 

Во посадата биле уште и Кавепорн Пунпаре, соработници во компаниите на тајландскиот бизнисмен, како и пилотот Ерик Швафер  (53) и неговата партнерка Изабела Роза Леховиц.

- Мечот на Лестер со Саутемптон во Лига Купот кој треба да се одигра утре (вторник), е одложен.

Првите часа по несреќата

Хеликоптерот се урнал во 20:30 часот по Средноевропско време (мечот Лестер - Вест Хем заврши во 19:20) и брзо избил голем пожар.

Еден од сведоците на тешката несреќа, за Mirror раскажал: „Тој само што ги прелета трибините кога оддеднаш почна да се враќа по спирала и да паѓа.“

Sky Sport уште во саботата соопштил дека во авионот заедно со Шривадханапрабха била неговата ќерка и два пилоти.

Во неделата доцна вечерта Лестер ги прекинал сите шпекулации со официјално соопштение: клубот потврдил дека загинале сопственикот и уште четворица луѓе кои се наоѓале во хеликоптерот.

Нурсара Сукнамаи (33, поранешна Мис на Тајланд) фотографирана со Џејми Варди

Лео Брука, еден од очевидците на хаваријата кој живее близу стадионот раскажал:

„Хеликоптерот се враќаше многу брзо и не се сруши надвор туку на територија на стадионот. Еден полицаец истрча кон хеликоптерот а друг го следеше со оружје во рака. Првиот се обиде да го скрши стаклото од хеликоптерот. Потоа видов жена во солзи која плачеше на цел глас. Мислам дека хеликоптерот среќа не се срушил врз неа затоа што таа била на 20 метри од местото на падот. Потоа почна пожар а потоа и експлозија. Полицајците го гасеа пламенот. Мошне брзо реагираа. Се се случи за помалку од една минути а потоа слушнав како на местото доаѓаат уште полициски возила. Тоа беа оние кои уште не заминале после мечот.“ 

Според верзијата на Guardian, на хеликоптерот му се јавиле проблеми со двигателот и бордот се запалил уште пред падот.

Хеликоптерот Augusta Westland AW-169 е произведен пред две години, чини околи 2 милиони фунти и може да превезува до шест патници и двајца членови на екипажот. Падот го забрзал и проблем кај опашката од хеликоптерот. Тој се кренал на околу 60 метри кога настанала хаваријата.

Камерите на BT Sports кој го пренесуваа мечот Лестер - Вест Хем го снимале моментот пред полетување. И водителот Џејк Хамфрис кажал дека сопственикот на Лестер се качил на хеликоптерот. „Како што може да видите, домаќинот полетува“.

Англиските медиуми брзо објавија мапа од стадионот „Кинг Пауер“ и го лоцирале местото на падот на хеликоптерот. 

Во кадрите од репортажата на Sky се гледа дека хеликоптерот е целосно изгорен и уништен:

ОТКАЖАНИ ТРЕНИНЗИ И НАТПРЕВАРИ, ИГРАЧИТЕ И УПРАВАТА ВО ШОК

Лестер го скокнал неделниот тренинг и побарал од ФА да го одложи мечот од Лига Купот против Саутемптон кој беше планиран за вторник.

Околу клубот се е тажно и тивко, а луѓето носат цвеќе и палат свеќи. Од Лестер објавија и дека е одложен и неделниот меч на женската екипа.

Клод Пуел, тренерот на премиерлигашот бил прв од претставниците на клубот кој раскажал за жртвите откако никој не се огласувал:

„Ова е трагедија за клубот. Сите мои мисли се со жртвите и нивните семејства. Сакам да ги успокојам сите беа загрижени дека и јас сум бил во хеликоптерот. Ужасно тешко ми е но ќе бидам добро.“

Спортскиот директор на Лестер Џон Радкин не бил во хеликоптерот како и потпретседателот на клубот Ајават Шривадханапраба, соопштил Sky.

Играчите на Лестер веднаш по трагедијата на социјалните мрежи објавуваа постови со емоџи молитва а истото го направија и некогашните фудбалери на Лестер Енди Кинг и Ријад Марез.

Првото соопштение на Лестер по повод несреќата било: „Ние им помагаме на полицијата и надлежните служби. Клубот ќе изелзе со подробно соопштение како ќе се појавуваат дополнително информации.“

Стоперот на Лестер и репрезентацијата на Англија Хари Мегваер барал од Твитер да го избрише налогот на Максвел Џексон кој твитнал дека сопственикот на Лестер, спортскиот директор на клубот и пилотот загинале во несреќата.

Гари Линекер, една од иконите на Лестер и англискиот фудбал традиционално ја водел популарната Match of the Day емисија: „Тоа беше најболната емисија што некогаш сум ја водел. Моите мисли се со Лестер. Страшна трагедија.“

Гари играл за Лестер од 1978 до 1985 и важи за еден од најсаканите играчи во клупската историја.

Во неделата напладне големо писмо посветено на загинатиот сопственик на Лестер напишал голманот и капитен на тимот Каспер Шмајхел на социјалните мрежи:

„Ние знаеме се за инвестициите кои вие и вашето семејство ги направивте во клубот, но вие направивте многу повеќе. Вие многу се грижевте не само за клубот туку за целата заедница. Вашите непрестани помагања на болниците во Лестер и хуманитарните организации никогаш нема да бидат заборавени.“

Англиските премиерлигаши меѓу кои Манчестер Јунајтед, Челси и Вест Хем со кои Лестер играше во саботата испратиле сочуство до семејствата на загинатите. Фудбалерите на натпреварите Кристал Палас - Арсенал и Манчестер Јунајтед - Евертон синоќа носеа црн флор околу рацете.
Вичај го купил Лестер за 39 милиони фунти и го направи шампион

60-годишниот Вичај Шриваданапраба бил основач и генерален директор на King Power Duty Free чија вредност е проценета на 3,3 милијарди долари. Тајланѓанецот стана сопственик на Лестер од сезоната 2010/2011 кога клубот играше во Чемпионшип.

Целата зделка вредела 39 милини фунти.

Во 2014 Лестер се врати во Премиер лигата, а во сезоната 2015/2016 за првпат во својата историја ја освои титулата кога сензационално заврши прв под водство на Клаудио Раниер.

Во мај 2017 тајландскиот бизнисмен го купил и клубот Левен кој игра во втората белгиска лига.

Шриваданапраба беше оженет и има четири деца. Неговиот син Ајават е потпрестедател на Лестер кој не бил присутен на мечот со Вест Хем.