Како се реализирал трансферот на Ибрахимовиќ во ПСЖ

Во денови кога постојан силни шпекулации за кам бекот на Златан Ибрахимовиќ во Милан, одиме со еден телефонски разговор меѓу две будалетинки. Рајола му се јавува на Ибра во сред одмор за да му каже дека од Милано се сели во Париз.

Јули 2012-та година, му ѕвони телефонот на Златан:

Рајола: Здраво Ибра, знам дека си на одмор, но имам нешто многу важно да ти кажам. Те бара Леонардо од ПСЖ, мора да му се јавиш

Златан: Што има јас да му се јавувам, јасен бев, останувам во Милано.

Рајола: Јави му се, важно е.

Златан: Ти повторувам, останувам во Милан, тоа е мојата одлука.

Рајола: Не знам како да ти го кажам ова. Ти е Тијаго Силва сте веќе продадени. Тијаго веќе прифати да оди во ПСЖ, деталите се договорени и за тебе и за него, чекаме уште твое одобрување.

Златан: Молам? Како сте се договориле без мое знаење, кој го направи тоа, Галијани?



Рајола: Ти кажав уште порано дека Берлусони е во големи финансиски проблеми, тоа е одлука на управата на Милан.

Златан: Не можам да поверувам. Ќе му се јавам на Леонардо и ќе му барам огромна плата, големи бонуси, најскапа вила, најскап хотел, коли, ќе барам сè за ПСЖ да ме одбие. Ќе бидам ептен лаком.

По 30 минути Златан му се јавува на Рајола:

Златан: Зборував со Леонардо, му барав богатство и раскош. За 10 минути ми се прејави и ми пренесе дека претседателот на ПСЖ рекол дека за играч како мене тоа е ситница и ако треба ќе добијам и уште без никаков проблем.

Рајола: Па баш за тоа ти зборував. После одморот оди во Милано, дојди кај мене на ручек, па ќе одиме во Париз да го реализираме трансферот.



Златан: Нема што јас да одам во Милано, не сакам да се видам ни со Берлускони, ни со Галијани. Се гледаме за 7 дена.

Ихрахимовиќ се смести во куќа на три нивоа во близина на Палатата Шарл де Гол, во 600 квадрати каде киријата изнесува 30.000 евра месечно.

Францускиот лист Паризиен тогаш пренесе дека таа сума е ситна за фудбалерот кој само таа година заработи 15 милиони евра од договорот со клубот и од спонзорите.

Откако му заврши договорот со Најк, Златан потоа потпиша договор за рекламирање на спортска опрема кој му донесе дополнителни 10 милиони евра.

Така дојде, а еве како го испратија.

16 ноември 2018 - 16:05