Како после да не го сакаш Питер Крауч?

Високиот центарфор е еден од ретките играчи на Островот кого го сакаат сите без разлика на навивачките определби.

По поразот на Манчестер Јунајтед од убедливо последнопласираниот ВБА, Манчестер Сити ја освои титулата за голема радост на сите свои навивачи.

Откако се потврди дека „граѓаните“ и теоретски го обезбедија шампионскиот пехар, стигнаа честитки. Меѓу нив и онаа на Питер Крауч кој го поздрави клубот на Твитер:

„Честитки Манчестер Сити. Сезонава навистина бевте тим како ајкула“.

Во риплај некој Алан МекГрегс прилично непристојно му одговорил: „Топ лик! Ветувам дека веќе нема да дркам на жена ти Пити“, а Крауч каков што го дал Господ, искрен со секого, му вели: „Тоа би било одлично, фала другар“.

***

Сопругата на Питер Крауч од 2011-та година - Еби Кенси. Таа е познат модел во Британија и САД. 

Приказната за фудбалскиот пат на Крауч тука.

16 април 2018 - 12:11