Како Пеп Гвардиола го преживеа лудиот меч со Ливерпул

По многумина мечот беше за титулата иако има да се играат повеќе од 15 кола до крајот од Премиер лигата. Исто мислел и Пеп Гвардиола кој на крајот призна дека ако изгубеле, најверојатно ќе се простеле од шампионскиот пехар.

Ако во Англија постоеше VAR систем кој наскоро ќе го воведат, синоќа во 18’ минута од мечот Сити - Ливерпул, судијата Ентони Тејлор сигурно ќе го признаеше голот на гостите. Во Премиер лигата нема VAR сè уште, ама има систем Hawk-Eye (систем кој одредува дали топката ја минала гол-линијата).

По еден метеж пред голот на Манчестер Сити, топката отиде кон голот а стоперот Стоунс ја извади буквално од внатре. Целата работа е што 1,12 сантиметри од топката биле надвор од голот, па системот не алармирал погодок.

Hawk-Eye („Око соколово“) ја определува положбата на топката на гол-линијата со помош на 14 камери. Точноста и сигурноста на овој систем е 100%. Дури и ако една камера е покриена со некој играч во кадарот, другите камери го покриваат моментот.

Притоа кога топката ја преоѓа линијата, на судијата му свири и светка рачниот часовник на кој му пишува GOAL.

****

Тоа го спаси Сити кој на крајот славеше со 2-1 и се приближи на само -4 бода зад Ливерпул кој со евентуална победа ќе се одлепеше бајаги.

Скоро е сигурно дека табелата му се вртела во глава на Пеп Гвардиола од почеток до крај на мечот.

Пеп и Клоп беа вообичаено живахни, скокаа и урлаа, иако впечаток е дека Шпанецот беше побесен.

Во еден момент од мечот се гушнаа па продолжија да го следат дербито

Во 82’ минута Серхио Агуеро излезе само пред голманот Алисон и можеше да го реши мечот, но Бразилецот фантастично се испружи и одбрани. Гвардиола тогаш урлаше: „Како?!“

После им се сврте и на судиите. Главниот арбитар Тејлор не видел еден фаул за Сити кога Ливерпул брзо отвори контра која за малку не заврши со гол на Салах.

Пеп бесно реагираше кај четвртиот судија Мартин Аткинсон.

Аткинсон брзо го повикал Ентони Тејлор кој го смируваше Гвардиола:

Во последните минути од мечот, Ливерпул не создаде некои стопроцентни шанси па Клоп се спремаше да признае пораз.

„Мене многу ми се допаѓа Компани, но како на планетата Земја не доби црвен картон за тоа?“, се насмеал Клоп за епизодата кога белгискиот стопер во 31’ минута грубо го фаулираше Салах на средина од теренот. „Тој беше последен играч во одбраната и тргна на противникот. Ако го удреше Мо посилно, сезоната за Салах ќе беше готова. Затоа што не беше така, судијата очигледно не виде како што видов јас“.

Пеп се тресеше до судиската свирка за крај. После мечот признал дека во случај на пораз на Сити, титулата можно да била решена.

„Ако изгубевме денес, се ќе завршеше. Ни беше тешко. Сега заостануваме четири бода, тие уште се лидери. Треба да се бориме, но победата ни ја врати самодовербата“, рекол Гвардиола.