Како може пиво да се пие на концерти а на фудбал не може?

Неколку англиски клубови се спремни да предложат бришење на забраната за продажба на пиво и други алкохолни пијалаци на стадионите. Оваа забрана во Англија важи добри 33 години.

Девет англиски клубови се согласиле да бараат дозвола за продажба на пиво на своите стадиони. Во моментов според закон, алкохолни пијалаци може да се конзумираат само во околината на стадионот, но не смеат да ги внесуваат на самиот стаидон.

Овој закон бил како една од мерките за спречување на нередите во ’80-те и ’90-те години во Британија.

Сандерленд, Ипсвич Таун, Донкастер Роверс, Стенли Акрингтон, Порт Вејл, Грин Роверс, Линколн Сити, Транмере Роверс и Нортемптон Таун се клубовите кои „го повеле орото“ и очекуваат поддршка од најзвучните англиски клубови.

Дискретна поддршка имаат од Гримсби Таун, Њупорт Кантри и Гилингам, клубови кои би можеле да ја зголемат масовноста на барања за бришење на забраната која е законски уредена од 1985 година.

Еден од мотивите на ова барање е тоа што според нив забраната е дискриминаторска затоа што за време на други настани меѓу кои и фудбалски натпревари во други земји е дозволена употреба на алкохолни пијалаци.

Заинтересираните клубови даваат неколку предлози во случај да се острани забраната за точење алкохол на стадионите: да се продава алкохол на натпревари без големо ривалство, на трибини кои имаат лесен пристап до шанковите и да се точи само за време на прво или второ полувреме.

„На ’Стадионот на светлината’ кај нас во Саутемптон кој оди на концерти може да види како слободно се пие пиво, додека оние кој го гледаат сопствениот фудбалски клуб не смеат. Ова е дискриминаторски во однос на фудбалските навивачи“, вели човек од управата на Сандерленд за TalkSport.

26 октомври 2018 - 09:53