Како лисецот со кој Јувентус освои 15 трофеи за 12 години го насамарил Интер

Во 1994-та година Џани Ањели конечно излезе од стагнација (8 години беа без скудето) со еден потег: го назначи за директор Лучано Моџи. Во следните 12 години Јувентус освои 15 пехари.

Во 2015-та година, во едно од ретките интервјуа после скандалозните откритија, Моџи го прашале за таа триумфална епоха и тој рекол:

„Интер не освојуваше само зошто се безвредни идиоти“.

Две години подоцна го објаснил тој одговор: „Како го срушивме Интер? Тие го купија Хакан Шуќур, а јас Ибрахимовиќ. Они го земаа Вампета, а јас Зидан. Кога го купија Тарибо Вест, не требаше ништо друго да правам. Во тоа е причината. Вистината е во тоа што ние не ги победивме. Тие сами се растураа зошто не знаеа да работат. Не победуваат силата и парите, туку паметот да направиш повеќе од конкурентот“.

Лучано Моџи важеше за алфа и омега во италијанскиот фудбал на времето. Познат како сива еминенција во калчото, често во контроверзен контакт со судиите.

Но на Моџи не може да му се оспори дека генијално работеше на пазарот. Во втората половина од '90-те години Јувентус трошеше далеку помалку од Интер, Милан, Парма и Лацио но доминираше. Моџи управувал дури и со трансферите на ривалите.

Во 1999-та Моџи отишол во Марсеј. Никој не ја знаел правата причина, но во тоа време за Олимпик играа Лоран Блан, Галас и Пирес. Веројатно Јувентус снимал некој од нив, но се испоставило сосема нешто друго.

Блиску до хотелот Лучано забележал дека некој човек постојано оди по него. Подоцна на стадионот приметил дека под него седат скаути на Интер.

На крајот од '90-те години Интер реши да стане доминантен на трансфер пазарот по секоја цена.

Тоа Моџи лукаво го искористил па еднаш во програма рекол: „Оној Доморо е прав бисер“. А после зборувал уште повеќе и повеќе за францускиот фудбалер кој беше просечен играч.

Сирил Доморо тогаш имал 28 години, играше втора сезона за Марсеј и одвреме-навреме ретко го викаа во репрезентацијата на Брегот на Слонова Коска. Скаутите на Интер не размислувале на тоа. Во глава им било само тоа дека Јуве го бара. Моџи бил гарант.

После неколку дена Gazzetta dello Sport објавила: „Доморо доаѓа во Интер за 7 милиони евра“.

Тоа лето Јувентус го купи Ѕамброта за 8 милиони и Џанлука стана најдобриот бек во Италија во следните неколку години. Доморо не ги исполни очекувањата. Одигра само 6 меча во Серија А, следните две години го ашкаа на позајмици и замина бесплатно.

„Во фудбалот не може без мали трикови. Јас случајно го одбрав Доморо и тој се покажа како безнадежен просек“, саркастично раскажал Моџи подоцна.

На крајот, Моџи понизно беше отстранет од Италијанската фудбалска федерација (FIGC) од каква било работа поврзана со фудбалот поради наместени натпревари. Моџи заврши со лоша репутација затоа што во Италија беа објавени негови разговори со судии и договарање исходи.

26 мај 2020 - 15:04