Како Каладзе го реметел Гатузо за роденденот

Нема крај на анегдоти од кујната на Милан, ама од оној носталгичниот со легендите предводени од Анчелоти. Токму Карло има една за раскажување за роденденот на Рино кој денеска полни 41 година.

„Гатузо полудуваше поради Каладзе. Роденден му е на 9 јануари. Неколку дена претходно Каладзе не прекина сите во сред тренинг и ми рече:

„Мистер, извинете но треба да кажам нешто важно“.

„Повели, кажи“, му велам

„Има уште 3 дена до роденденот на Гатузо“

„Сите го погледнавме што ќе каже следно, ама толку беше. Потоа истиот ден одиме на вечера и ете го пак:

„Извинете, ама морам нешто да кажам“.

„Ајде кажи Каладзе“.

„Има уште два дена и 14 часа до роденденот на Гатузо“.

„Следното утро пак. Крена рака, а јас без да му кажам тој пак со истото“.

„Има уште два дена до роденденот на Рино Гатузо“.

„Сите грабнаа да се смеат, а Рино да се нервира. Се чувствуваше дека го исмејуваат сите. Одбројувањето му стана ноќна мора на Гатузо“

„Дечки, останаа уште 3 часа до роденденот на Гатузо“

„Рино повеќе не можеше да се контролира и сакаше да го дигне на клоци. Потоа конечно дојде 9 јануари и ништо, сите молчеа. Полоша тишина немаше од тоа. Потоа јас интеренирав“.

„Каладзе, да не треба случајно нешто да кажеш“?

„Не Мистер, зошто мислите дека треба“?

„Сигурно не заборави нешто“?

„Не“.

„Го ѕиркав Рино од аголот на окото, беше толку лут што мислев дека ќе експлодира, но се исконтролира и мислеше дека победи во целата ситуација“.

„Следниот ден, на 10 јануари на појадок, Каладзе ми се доближи со тажен израз на лицето. Изгледаше како да се случило нешто сериозно и поради тоа го прашав:

„Нешто не е во ред“?

„Да Мистер, има уште 364 дена до роденденот на Гатузо“.

„Гатузо му се нафрли со удари и мислам дека Каладзе од тој момент почна да ги чувствува крцкањата на коленото“

Инаку денеска е 9 јануари, има уште 365 дена до роденденот на Џенаро Гатузо 😊.

9 јануари 2019 - 11:26