Како го издриблаа Михајловиќ за ќерка му

Најпознатото италијанско шоу „Le Iene“ кај кои ако си учесник или им го прифаќаш хуморот или ти доаѓа да им ја шлапнеш една, го чачнаа Синиша таму каде што најмногу боли. Клучната улога во измамата ја одигра жена му.

Синиша Михајловиќ кој живее во Италија уште од 1992-ра кога потпиша за Рома, има 5 деца со Италијанката Аријана. Во моментов е без ангажман откако доби отказ како тренер на Торино на почетокот од годинава.
 
Откачените „Le Iene“ се договорија со Аријана да го реметат за ќерка му Викторија која има 21 година.
 
Дијалогот оди вака:
 
Аријана: Ми се јави Вики, се заљубила во еден музичар...
Синиша: Никако да најде некој нормален.
Аријана: Да ти покажам слика?
Синиша: Да
Аријана. Лорис. Ти се допаѓа?
Синиша: Грд е. Колку години има?
Аријана: Мислам 34.
Синиша: Ку..в ми, 13 години постар од нејзе
 
Внимавајте на реакцијата кога ќе слушне 34. Мислиш коса ќе му опадне.

Фамилијарно

19 март 2018 - 13:16