Како е можно овие момци да не освојат ништо со репрезентација?

Ги гледаш и не знаеш дали да ги жалиш или да се чудиш, како може ваков епски спој на 11 луѓе родени во иста земја да не стигне до ниту еден пехар на големите натпреварувања. До нив ли е, до силната конкуренција или пак лошиот избор на селектори?

Ешли Кол, Џон Тери и Вејн Руни се единствените тројца активни играчи на оваа фотографија која за секогаш ќе биде претставувана и прераскажувана како легендарна. Џерард и Лампард ја најавија својата пензија за оваа година.

Фотката едноставно е од оние кои не бараат опис кој стои, а кој клечи. Ги гледаш и ги распознаваш од прва. Па дури тешко дека ќе ги промашиш и по броевите бидејќи носат од 1 до 11, класика како порано.

Англија мечтае и сонува за трофеј од далечната 1966-та, малер кој не успеа да го разбие ниту оваа златна генерација пред 10-15 години. А на клупски план не е дека се лоши. Овие 11 ѕвезди тежат заедно 147 трофеи, да 147.

Џејмс има само 2, ама затоа Сколс има 25, Невил 20, Бекам 19...Да ги ѕирнеме на кусо секој поединечно.

1 ДЕЈВИД ЏЕЈМС (активен играч од 1988 до 2014)

Роден: 1970
Настапи за репрезентација: 53
Освоени трофеи: 2
Ливерпул: Лига Куп
Портсмут: ФА Куп

2 ГЕРИ НЕВИЛ (активен играч од 1992 до 2011)

Роден: 1975
Настапи за репрезентација: 85
Освоени трофеи: 20
Манчестер Јунајтед: Премиер лига 8, ФА Куп 3, Лига Куп 2, Комјунити Шилд 3, Лига на шампиони 2, Интерконтинентален 1, Светско клупско првенство 1

3 ЕШЛИ КОЛ (активен играч од 1999 - )

Роден: 1980
Настапи за репрезентација: 107
Освоени трофеи: 16
Арсенал: Премиер лига 2, ФА Куп 3, Комјунити Шилд 2
Челси: Премиер лига 1, ФА Куп 4, Комјунити Шилд 1, Лига на шампиони 1, Лига Европа 1

4 СТИВЕН ЏЕРАРД (активен играч од 1998 - 2016)

Роден: 1980
Настапи за репрезентација: 114
Освоени трофеи: 9
Ливерпул: ФА Куп 2, Лига Куп 3, Комјунити Шилд 1, Лига на шампиони 1, УЕФА Куп 1, Супер Куп на УЕФА 1

5 ЏОН ТЕРИ (активен играч од 1998 - )

Роден: 1980
Настапи за репрезентација: 78
Освоени трофеи: 16
Челси: Премиер лига 4, ФА Куп 5, Лига Куп 3, Комјунити Шилд 2, Лига на шампиони 1, Лига Европа 1

6 СОЛ КЕМБЕЛ (активен играч од 1992 – 2011)

Роден: 1974
Настапи за репрезентација: 73
Освоени трофеи: 8
Тотенхем: Лига Куп 1
Арсенал: Премиер лига 2, ФА Куп 3, Комјунити Шилд 1
Портсмут: ФА Куп 1

7 ДЕЈВИД БЕКАМ (активен играч од 1992 до 2013)

Роден: 1975
Настапи за репрезентација: 115
Освоени трофеи: 19
Манчестер Јунајтед: Премиер лига 6, ФА Куп 2, Комјунити Шилд 2, Лига на шампиони 1, Интерконтинентален Куп 1
Реал Мадрид: Ла Лига 1, Супер Куп на Шпанија 1
Лос Анџелес Галакси: МЛС Куп 2, МЛС Супортертерс Шилд 2
ПСЖ: Лига 1

8 ПОЛ СКОЛС (активен играч од 1992 до 2013)

Роден: 1974
Настапи за репрезентација: 66
Освоени трофеи: 25
Манчестер Јунајтед: Премиер лига 11, ФА Куп 3, Лига Куп 2, Комјунити Шилд 5, Лига на шампиони 2, Интерконтинентален Куп 1, Светско клупско првенство 1

9 ВЕЈН РУНИ (активен играч од 2002 - )

Роден: 1985
Настапи за репрезентација: 119
Освоени трофеи: 14
Манчестер Јунајтед: Премиер лига 5, ФА Куп 1, Лига Куп 2, Комјунити Шилд 4, Лига на шампиони 1, Светско клупско првенство 1

10 МАЈКЛ ОВЕН (активен играч од 1996-2013)

Роден: 1979
Настапи за репрезентација: 89
Освоени трофеи: 9
Ливерпул: ФА Куп 1, Лига Куп 2, Комјунити Шилд 1, Куп на УЕФА 1, Супер Куп на УЕФА 1
Манчестер Јунајтед: Премиер лига 1, Лига Куп 1, Комјунити Шилд 1

11 ФРЕНК ЛАМПАРД (активен играч од 1995-2016)

Роден: 1979
Настапи за репрезентација: 106
Освоени трофеи: 9
Челси: Премиер лига 3, ФА Куп 4, Лига Куп 2, Комјунити Шилд 2, Лига на шампиони 1, Лига Европа 1

3 февруари 2017 - 16:36