Како Аргентина може во следна фаза?

По бродоломот на Аргентинците, одново се активираа хејтерите на Лионел Меси и неговата репрезентација кои сметаат дека „Гаучосите“ ги изгубија сите шанси за осминафинале. Дали е така?

Во групата Д ниту една репрезентација освен Хрватска не е сигурна во пласман понатаму. Сè ќе се решава во последното коло иако мечот Исланд - Нигерија денес од 17 часот по многу нешта би можел да биде клучен

Најлош исход за Аргентина би била евентуална победа на Исланд. Во тој случај Исланѓаните ако во последното коло не загубат од Хрватска, со најмалку 5 бода сигурно би завршиле пред Аргентина.

Но и Нигерија има шанси со евентуален триумф сериозно да се замеша во борбата за второ место.

Ако Скандинавците и Африканците одиграат нерешено, тоа значи дека во последното коло „Рибарите“ ќе мора да ја победат Хрватска. Тоа и не е толку неостварливо особено ако знаеме дека Хрватите може да бидат недоволно мотивирани.

Во случај Нигерија да победи денес, Аргентина на крај ќе ја има судбината во свои раце. Во таков случај дури и во последното коло Исланд да ги победи „Коцкестите“ кои сигурно се лидери во групата, Меси и компанија ќе мора да дадат повеќе голови против Нигерија за да имаат подобра гол разлика на крај.

Исланд има далеку подобра гол разлика од „Гаучосите“ кои имаат -3 а „Викинзите“ се на 0 (1 даден 1 примен).

Во моментов Хрватска има 6 бода, Исланд има 1 бод но меч помалку, Аргентина има 1 бод, а Нигерија е без бодови со натпревар помалку.