Каде има овде прекршок врз Роналдо и колку е релевантен ВАР?

Една сезона не може да помине во италијанско без контроверзи кои обично се случуваат во шеснаесетник. Во оваа спортска среда на удар се средбите Јуве – Џенова и Наполи – Аталанта или поточно оние кои неколку години по ред се јадат за врвот. Де Лаурентис распали по Рицоли, кој е главен на судиска.

Џенова предводена од Тијаго Мота кој синоќа го стави Пандев стартер на Алијанц, херојски се носеше против италијанскиот првак. До 94-та имаше 1:1 и тоа со двајца играчи помалку поради црвените картони во 51-ва и 58-ма минута.

На 3 минути до истекот на регуларните 90, исклучување имаше и во редовите на Јуве, а во 4-та минута од судиското продолжение се случи клучниот момент кој му донесе 3 бода на домаќинот. Пенал врз Роналдо и гол на Роналдо за конечни 2:1.

И веќе човек не знае дали и како да коментира на вакви чудни судиски одлуки кои со години и децении се провлекуваат во Италија. Па и да има, а се гледа дека нема, не може секој контакт во шеснаетник да биде пенал.

Ако е така, зошто тогаш соборувањето на Љоренте на Наполи - Аталнта никој не го есапеше за постоечко? Така ли?

Ова е спорниот пенал за Јуве

А ова е забавена снимка каде се гледа дека 9-ката на Џенова не го фаулира Роналдо со десната нога.

Во контекст на тоа и спорната одлука на мечот Наполи – Аталанта 2:2 каде овој прекршок на крај врз Љоренте не беше сакнциониран, а го бутна додека топката оди накај него.

Карло Анчелоти и Аурелио Де Лаурентис се бесни. Првиов доби црвен картон поради жесток протест кај судијата, а вториот без влакна на јазик го изјави следново:

„Да бев на местото на Анчелоти, ќе бегав подалеку од оваа Серија А. Ние сме тие кои го финансираме фудбалот, без нас ќе одат сите да лупат компири. Не велам јас дали е пенал или не, туку само имам право да ги видам снимките од ВАР, бидејќи инвестирам. Навивачите на Наполи и општо Италијанците се уморни веќе од оваа недопирливост на Ники и Рицоли (Делегат на Серија А). На прва секогаш е пенал, ама акцијата требаше да се види на ВАР. Јас сум човек кој пред секој сомнеж барам јасна слика и респект, а не потоа да дојде понеделник и да се заборави сè како секогаш претходно. Драги Ники и Рицоли, до сега лошо работите и сте лоши актери“.

Уште полошо во ваквите ситуации е што судиите и во двата спорни случаи не ја прегледаа со свои очи снимката на ВАР, туку се потпреа на проценките на нивните колеги во кабината.

Од тука се јавуваат следниве сомнежи: Во кои случаи главните судии одбираат сами да ги прегледуваат снимките, зошто не го прават тоа секој пат, бидејќи тие секако го имаат последниот збор и дали треба да им се верува на судиите во ВАР собата, кои очигледно сега па тие со своите одлуки ја намалуваат релевантноста на новата технологија.

А играњето со рака на Де Лихт против Болоња, исто така во судиско продолжение? Што би рекол Де Лаурентис, готово се заборави.