Јуве ексклузивен партнер на PES 2020

Конами продолжува да ги стекнува правата од најголемите светски клубови, со што му нанесува голем удар на најголемиот ривал EA Sports.

Договорот меѓу Јувентус и Конами значи дека ФИФА 2020 нема да има право да го користи стадионот на италијанскиот гигант, откако Конами ги доби ексклузивните права за Јувентус во наредните три години.

Овој договор со бјанконерите доаѓа само неколку дена откако јапонскиот гигант соопшти дека договориле партнерство и со Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Сега останува да се види како EA Sports кој ја произведува видео играта ФИФА ќе одговори на овој предизвик.

Алијанц арената во Торино нема да може да се одбере доколку играте ФИФА 2020 и најверојатно ќе биде заменета со некој друг, измислен стадион.

Конами тргнал по секоја цена да се промовира во лидер на фудбалските видео игри, па така оние кои ќе играат ПЕС ќе може да ги видат реалните детали од тетоважите, фризурите, обетките и самиот изглед на фудбалерите.

На омотот од ПЕС 2020 ќе бидат Скот Томинеј од Манчестер Јунајтед, Лионел Меси и Серж Гнабри од Баерн Минхен. Промоцијата на демото за ПЕС2020 ќе биде на 30 јули.

16 јули 2019 - 12:12