Јунакот од Грузија што спаси репрезентативец на Швајцарија

Во квалификациите за Европско 2020, на мечот меѓу Грузија и Швајцарија, резултатот можеше да остане во втор план уште во првото полувреме. Среќа добро се заврши една многу непријатна ситуација.

Во 25’ минута од мечот кој се играше на стадионот „Борис Паичадзе“ во Тбилиси, стоперот на гостите Фабијан Шер се судри во еден дуел со Џемал Табидзе, падна на тревникот и изгуби свест. Шер го голтнал јазикот, а најприсебен во моментот бил грузискиот репрезентативец Жано Ананидзе кој реагирал брзо, му го извадил јазикот и му ослободил воздух.

Потоа на Швајцарецот му помогнаа лекарите. Тој доживеал потрес на мозок, но го доигра мечот до крајот.

„Не гледав добро, не се сеќавам на ништо. Неколку секунди бев без сознание. Јаболчната коска многу ме болеше, чувствувам и нелагодност во вратот и челото“, рекол дефанзивецот Шер после средбата.

„Шер е во ред. Немаше проблеми за време на летот до дома (4 часа до Швајцарија). Тренираше со истите кои го почнаа мечот во сабота со Грузија“, рекол портпаролот на швајцарската фудбалска федерација Марко фон Ах.

Сите фудбалери на теренот приметиле дека тој брзо се повратил и реагирал на прашањата на докторите, а за време на мечот го прашувале како се чувствува. Никој не бил баш сигурен како ќе издржи Шер.

Швајцарската фудбалска федерација му се заблагодарила на Ананидзе и на грузиските лекарски служби кои биле на готовс да пружат прва помош. „Кога Грузија и Швајцарија ќе го играат реваншот кај нас, ќе им се заблагодариме уште еднаш на луѓето од федерацијата на Грузија“, рекол портпаролот.

Што се однесува до резултатот, Швајцарците победија 0:2, а Шер интересно учествуваше и во акциите за двата гола. Но во случајов покрај него, јунак е и фудбалерот кој не даде гол ниту асистираше, а неговата селекција изгуби. Тој го направи најдобриот потег на мечот кога спаси противнички играч од сериозна ситуација.

Неколку здравствени организации бурно реагираа на целиот случај и поставија прашање до УЕФА, што треба да се случи за да преземат нешто и макар дозволат замена на играч после потрес на мозок а измената да не се смета како една од трите овозможени.