Изживувањето на Сити над слабиот Бартон не е прво во историјата

Во првиот меч од полуфиналето на англискиот Лига Куп, Манчестер Сити со 9-0 го испраши немоќниот Бартон и го израмни својот историски рекорд.

„Граѓаните“ играа речиси со прв состав затоа што почетниот тим се најдоа првотимците Сане, Ријад Марез, Давид Силва, Кевин Де Брујне, Отаменди и Кајл Вокер.

Белгиецот го отвори резултатот уште во 5’ минута а потоа следуваше дебакл за гостите: Габриел Жезус постигна 4 гола, а по еден дадоа Зинченко, младиот Фил Фоден, Кајл Вокер и Ријад Марез.

Манчестер Сити постигна девет гола првпат после 21 година. Последен пат тоа се случило на еден меч против Хадерсфилд кога славеле 10:1 во натпревар од втората англиска лига.

Конкретно во Лига Купот декласот на Бартон е најголем во последните 32 години. Во септември 1986-та Ливерпул го прегазил Фулам со 10:0. Тоа бил најжестокиот пораз во историјата на англискиот Лига Куп. На Сити му фалеше уште еден гол за да го израмни рекордот.

Тимот на Пеп Гвардиола минатата недела славеше со 7-0 против Ротерам во 3. рунда од ФА Купот. Првпат после 1967 година некој тим дал седум или повеќе гола во два меча по ред. Во 1967 тоа му тргнало од рака на Лидс предводен од генијалниот Дон Реви.

Пеп втор пат во кариерата победи со резултат 9:0. На 11 декември 2011 година Барселона тогаш предводена од Гвардиола го прегази нисколигашот Л’Оспиталитет со 9:0.

„Одличен резулат, секако, ние веќе сме во финалето но треба да се доигра и вториот натпревар. Се однесувавме сериозно кон нив. Бартон одигра одличен турнир во Купот. Треба да бидат горди затоа што се млада екипа. Ќе пијам вино со Најџел Клаф (тренерот на Бартон), знам колку важен човек за англискиот фудбал беше неговиот татко (легендарниот Брајан Клаф).“