Излезе аудио снимка од ВАР комуникацијата меѓу судиите на Барса - Реал

Техничкиот комитет на шпанските фубалски судии објавил како главниот судија на Ел Класико Хозе Марија Санчез Мартинез комуницирал со колегите за време на епизодата со пеналот на Варан над Луис Суарез.

Шефот на судискиот комитет во шпанската лига Карлос Веласко Карбаљо го прикажал видеото пред новинарите.

Во 30’ минута од големото дерби Барселона - Реал Мадрид, Варан го сопна Луис Суарез а еве ја комуникацијата на главниот судија, неговите помошници и VAR судиите за тој момент (читајте го подолу преводот, за да не ви звучи ко шпанска серија):

Асистентот судија: Сè е според правилата!

Хосе Марија Санчез Мартинез: Топка! Топка! (Варан) На топка отиде.

VAR судијата: Прекини ја играта.

Асистентот: Офсајд! Офсајд!

VAR судијата: Не продолжувај, молам не продолжувај.

Асистентот: Хосе, Хосе, Хосе!

VAR судијата: Хосе Марија, Хосе Марија, застани, слушни м момент.

Хосе Марија: Кажи.

VAR судијата: Процени дека одел на топка, така?

Хосе Марија: Да.

VAR судијата: Почекај, не ја продолжувај играта.

Хосе Марија: Добро, одлично.

(Ја прекинува играта и им се обраќа на Серхио Рамос и Серџи Бускетс): Подалеку од мене! Полека, мирно, мирно.

Серхио Рамос: Веќе не виде пенал врз Суарез!

Хосе Марија (кон играчите): Полека, Серхио, смири се, смири се! Не може така како што сакате. Тоа е наша работа. Смирете се.

VAR судијата: Хосе Марија, молам, Хосе Марија?

Хосе Марија: Да. Слушам, кажете.

VAR судијата: Хосе Марија, оди и провери сам. Те советувам да одиш да видиш.

Хосе Марија: Да, разбрав.

VAR судијата: Варан не ја допрел топката. Од позади го сопна Суарез. (Хосе Марија трча кон екранот).

Ете, гледаш, се гледа убаво.

Хосе Марија: А контакт? Се, се гледа, гледам се. Одлично.

Да, пенал е, нема картон. Без картон.

VAR: Одлично Хосе Марија. Така е.

Хосе Марија: Така е, без картони.