Испратил смс порака кај учителката и си ја уништил кариерата во Јуве

Името Винсент Перикар веројатно не ви значи ништо и покрај тоа што во биографијата му стои дека бил член на Јувентус. Но тоа било само на хартија. Од играчка со другарите работава излегла плачка.

Французинот Винсент Перикар бил фудбалер на Јувентус во периодот од 2000-та до 2002-та кога на тренерската клупа беше Карло Анчелоти, а веднаш по него Марчело Липи.

Тогаш 18 годишник, пратен од Сент Етјен каде ја почнал кариерата, го сметале за многу талентиран напаѓач и му предвидувале брилијантна кариера.

Но само една мала невнимателност која може да се нарече и несреќна околност, целосно му го сменила фудбалскиот пат кој требаше да му изгледа многу поинаку.

„Јас и уште двајца Французи одевме на часови по италијански се со цел подобро да се адаптираме на животот во Италија. Учителката ни беше прекрасна жена. Една вечер се досадувавме и решивме да и пратиме смс порака во која ја поканивме да дојде на пијачка“.

„Само еден час подоцна ми заѕвони телефонот, а тоа беше Роберто Бетега, тогашен потпретседател на Јувентус. Беше многу лут и не праша што си мисливме кога сме и пратиле порака на неговата девојка“.

„Ние немавме појма дека нашата учителка му е него девојка. Потоа сите бевме повикани на разговор, а јас како резултат на тој несреќен настан без испратен на позајмица во Портсмут“.

„Во тоа време ми тргна добро во Јувентус и преселбата во Англија потполно ме уништи. Поради таа несреќна смс порака ми се уништи кариерата во Јуве. Тоа да не се случеше мислам дека животот ќе ми одеше во сосема друга насока“.

И не му е погрешен заклучокот. Перикар од Јуве за кој имаше по еден настап по Куп и ЛШ, со очи повеќе не виде голем клуб. Од Портсмут заигра во екипи како Шефилд Јунајтед, Плимут, Стоук, Саутемптон и Милвол, а кариерата ја заврши во аматерска лига.

Добро и што ја довршил, бидејќи еднаш призна дека од многу депресија размислувал да се самоубие .

8 ноември 2018 - 12:58