Интересна случка меѓу Пандев и случаен минувач во Рига

Дечково, Италијанец, бил на патување низ Летонија. Случајно налетал на нашиот капитен и му пришол да се сликаат. Кога му спомнал за карта, Пандев без размислување му нашол и дечково го гледал триумфот на Македонија во кој токму Горан постигна гол.

„На одмор си во Летонија и случајно го среќаваш Горан Пандев лично. Го прашуваш да се фотографирате и после пробуваш да му побараш билет за на трибина за големиот натпревар Летонија - Македонија од квалификациите за ЕВРО 2020. И тој Горан Пандев ти излегува во пресрет“.

10 септември 2019 - 12:43