Грозница скудето

Интер убедливо најгледан после 11 кола

По 11 кола во Серија А, Интер е екипата која донела најмногу гледачи на стадионите: во просек по 58.360 гледачи, пред Милан и Наполи.

Навивачите на Интер доживуваат права треска пред продолжение од сезоната, откако од клубот соопштија дека за мечот со Торино се продадени 70.000 влезници што беше нереално ниту во времето на Мурињо.

Оправдано затоа што тимот на Лучано Спалети игра одличен фудбал и со 9 победи и 2 нерешени е втор на табелата зад Наполи. А лани заврши седми. Во Серија А генерално многу клубови сезонава бележат пораст на бројот на гледачи за разлика од лани. Интер е клуб кој после 11 кола донел најмногу гледачи на стадионот или во средишен просек од 58.360 гледачи.

Од почетокот на првенството, Интер ниеднаш не е симнат под 50.000 гледачи на „Сан Сиро“ што оди во склад со игрите на екипата. Позитивните резултати на тимот влијаат позитивно врз овој податок. Еквивалентно на капацитетот на „Сан Сиро“ тие го полнат 73% од капацитетот на стадионот.

Милан проаѓа низ криза и негативни резултати, но тифозите на росонерите и натаму ги полнат трибините, па екипата на Монтела е втора по бројот на гледачи после 11 кола. Голем удел во оваа средишна вредност од 55.264 гледачи имаа дерби дуелите на Сан Сиро против Рома и Јувентус. Навивачите на Милан полнат околу 69% од капацитетот на стадионот.

Трет е Наполи чиишто навивачи никогаш не ја ставиле на дискусија верноста и во добро и во лошо. Наполи притоа е прв на табела и домашните средби во просек им ги гледаат по 46.084 гледачи што е 76% од капацитетот на „Сан Паоло“.

Четврт е Јувентус чија сила лежи во доманиот стадион. Иновативен, најмодерен стадион во целата земја којшто им овозможува на навивачите да ги гледаат натпреварите на два чекори од своите деца. Јуве на „Алијанц Арена“ во просек го гледаат по 41.000 гледачи.

Петтото место е за Рома, екипа чијшто однос со тренерот Ди Франческо почна да влева надеж по сомнителниот почеток. Резултатите на теренот се видливи а врската меѓу трибините и новиот тренер еволвира позитивно. Клубот на претседателот Џејмс Палота веќе има во план изградба на нов стадион, а во меѓувреме џалоросите ги полнат трибините на Олимпико.

Рома ја гледаат во росек по 35.935 гледачи после 11 кола или 49% од капацитетот на стадионот.

Лацио игра фантастична сезона, Симоне Инзаги важи за најпријатно изненадување во Серија А. Четврти се после 11 кола, играат допадлив фудбал и имаат напаѓач во форма како Чиро Имобиле. Во просек ги гледаат по 20.600 гледачи што е 28% од капацитетот на стадионот Олимпико.