Играта на Де Лихт против Јуве

Внимавајте ова, има само 19 години, а веќе трета сезона игра за првиот тим на Ајакс каде е од предшколска возраст. Згора на сè доверена му е и капитенската лента која никој друг не ја носел толку млад во нокаут фазата од ЛШ. Детево одигра перфектен меч против Јувентус на кој му даде и гол за елиминација.

Синоќа ЕСПН тврдеше дека Барса веќе го купила за 75 милиони евра, исто како Де Јонг, но малиот денеска демантираше.

Да го поткрепиме видеото со статистика која тешко дека ја остварил друг играч на тие години против Јуве.

18 април 2019 - 15:17