Играат во трета македонска лига, ама пола село и јаче ги гледа во живо на Фејсбук

По деталното претставување на модерниот македонскиот третолигаш Осогово кој сезонава влезе во втора лига, ни стигна мејл од читател кој ни тврди дека едно ново мало клупче се стреми да го фати патот на Кочанчани кои се прославија до Серија А. Вели да ги пофалиме. Ќе ве пофалиме.

Не е Локомотива од Скопје, ниту Локомотив од Москва, да нема забуни, туку Локомотива од Градско.

Се работи за селото во близина на Росоман или она кога возите Велес - Неготино. Што е причата? Ланско лето решиле да притиснат ресет и да го вратат фудбалот на своја сцена со регистрирање на нивниот нов клуб по име ФК Локомотива Градско 2018.

Покровител им е општина Градско, стартуваа во општинските фудбалски лиги, а сезонава се дел од третата македонска лига – централен регион.

Читателот ни тврди дека без разлика што немаат скоро никакви услови, тие работат на случајот да го следат примерот на ФК Осогово.

За сега може да ги најдете само на Фејсбук од каде ја почнале својата промоција. Главниот адут на старт им се преносите во живо за што велат дека во моментов се единствен третолигаш кој го овозможува тоа.

На Фејсбук го пренесуваа мечот против лидерот Вардар Неготино од кој загубија 2:10, а замислете го следеле 1.400 луѓе. Тоа е импресивна бројка ако се знае дека според последниот попис, цела општина Градско има околу 2.200 жители. Добро, може и од гостите некој гледал :). 

Другиот битен момент кој радува е теренот со кој може да се пофалат дека им е подобар и од некои прволигаши. Погледнете го, Камп Ноу, без заебанции. Искосено тип топ.

Трибините имаат многу простор за напредок, ама штом лани се рестартирале, оправдано е за третолигаш кој мака мачи да стигне до основни услови. Битно за сега освен на Фејсбук се забележува интерес и на самите натпревари и тоа од различни возрасти.

Ја имаат и онаа автентичност за нисколигашки клуб, по некој да може да ги следи и од пенџере.

Во најновата информација проследена на за сега единствениот нивен информатор Фејсбук, соопштија соработка и со нов спонзор.

По три изминати кола ситуацијата во ова третолигашко друштво е ваква:

Ви посакуваме уште многу вакви моменти и се читаме кога ќе имате новитети. Следно ви предлагаме да се закачите на Твитер.

Им следува комшиско дерби. За лајкче клик тука.

20 септември 2019 - 16:06