И жени да играат Јувентус го полни стадионот до даска

Уште еден доказ за тоа колку е Јуве понапред организациски и помоќен финансиски од сите други клубови во Италија. Без разлика за кого навиваме, треба да бидеме реални. Гледаме италијанско во ера во која веќе осма година никој не може да им се фати по ниту еден параметар.

На Јувентус Стадиум се одигра историски натпревар за женскиот фудбал во Италија. Јувентус ја пречека Фиорентина и со тоа дебитираше на приватниот стадион на Старата Дама.

На трибините се појавиле 39.000 луѓе, што е до сега нешто невидено во италијанскиот женски фудбал, а Фиорентина имала поддршка од 121 гостински навивач. Претходниот рекорд бил вкупно 14.000.

Првиот меч на Јувентус жени на овој стадион заврши со победа 1:0, а голот го постигна Софие Педерсен.

Погледнете ја оваа прекрасна атмосфера.

Минатиот викенд Барселона го совлада Атлетико Мадрид со 2:0 на меч кој на стадионот Ванда Метрополитано го гледаа 60.739 гледачи. Тоа е нов рекорд за еден фудбалски натпревар меѓу жени во Европа. 

26 март 2019 - 16:18