И Грне го избркаа за кубење коса

Црвениот картон на Кристијано Роналдо, денеска очекувано е топ тема на социјалните мрежи. Едни го бранат и сметаат дека судиската одлука е престрога, а други велат дека нема што да бара кај главата на Муриљо. Ние па налетавме на ист таков пример со познат македонски играч, со таа разлика што нашиов имаше што да фати. Плус имало и друг прекршок на Роналдо од истата акција.

Се работи за довчерашниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров кој во сезоната 2011/2012 настапуваше за белгијскиот тим Лирс. Добро што постои нешто што се вика Јутјуб па држи архива без граници, а тоа ни дава можност да се послужиме и со други примери како овој на Роналдо.

Имаме идентична сцена каде во случајот паѓа на земја фудбалер на Стандард, а за коса го фаќа Бобан Грнчаров. Судијата почека да спласне гужвата, играчите му сугерираат дека имало кубење и потоа тој им вади црвен и на двајцата. Веројатно затоа што овој искубаниов му врати на Грне со туркање на земја.

За случајот Роналдо сега има од пиле млеко на интернет.

Емре Чан има свое мислење за ситуацијата:

Но ова видео кое сите го споделуваат како доказ дека Роналдо го скубнува или се обидува да го скубне кратко шишаниот Муриљо, не е неговиот единствен недозволен потег.

Има уште едно каде се гледа дека Роналдо претходно го удира противникот без топка:

Па судија во Шпанија тврди дека според правилата, за овој удар се добива црвен.

Оние што не го сакаат Португалецот собраа повеќе докази дека тој знае да игра валкано.

Тие пак што му се нафрлија на судијата Марк Фриц кој му го додели црвениот, потсетија на неговата веројатна најсрамна одлука во кариерата, кога призна непостоечки гол на мечот Дуизбург - Ајнтрахт пред 8 години.

Поранешниот македонски репрезентативец за прекршокот беше суспендиран четири кола, а УЕФА допрва треба да се изјави за казната на Роналдо. Во второ коло Јуве го пречекува Јанг Бојс, а во трето гостува на Олд Трафорд.

20 септември 2018 - 13:48