СП Русија

Хрватска јуначки во историско финале на Светско!

Англија 28 години чекаше полуфинале на Мундијал, Трипиер во 5’ минута од слободен удар ги доближи до финале, но Хрватска маестрално се врати и заслужено во продолженија го нокаутираше „Гордиот Албион“.

Полуфинале на Светско првенство:

ХРВАТСКА - АНГЛИЈА 1:1 во основно време, 2:1 во продолженија

Дуелот на легендарниот „Лужники“ во Москва пред 78.011 гледачи е историски од многу причини, а Англичаните имаа старт каков што сонуваа. Нивниот можеби најдобар фудбалер на овој Мундијал Киран Трипије со прекрасен гол од слободен удар им донесе водство и ја фрли во транс земјата која чекаше финале од 1966 година:

Хрватите не паднаа психолошки по примениот гол и веднаш се обидоа да го префрлат тежиштето на играта на противничка половина. Се бореа како рудари но до полувремето Англија го сочува водството.

Во вториот дел „коцкестите“ тргнаа како да немаат негатива - офанзивно, храбро и отворено. Тоа им донесе заслужено израмнување во 68’ минута со ефектниот гол на Иван Перишиќ (на крајот го прогласија за играч на мечот) на центаршут на Вршаљко:

До крајот од основното време на второто полуфинале на Светското, Хрватите тргнаа по втор гол но безидејната Англија која некако успеа да се одбрани.

Но во продолженијата им немаше спас, затоа што избраниците на Златко Далиќ кој менуваше дури во тој период од мечот (Саутгејт направи измени нешто порано), стиснаа заби и заслужено стигнаа до втор гол кој ги однесе во првото историско финале на Светско првенство.

Марио Манџукиќ вешто се искраде зад англиската одбрана која заборави на него, а фудбалерот на Јувентус од прва со лева распали за неверојатна победа на Хрватска која оди во финале против Франција: