Холандија е држава, не е заебанција

За разлика од Италија во која расизмот има плодна почва која што ја залеваат и јавни личности на високи функции, во Холандија има голема борба против вакви девијантни појави.

Жоржињо Вајналдум е класа: на мечот Холандија - Естонија првпат ја понесе капитенската лента и го разби противникот со хет-трик, прв ваков учинок на кој било играч во Холандија во последните шест години (уште од времето на Ван Перси).

Во последното коло од квалификациите Холанѓаните славеа убедливо со 5:0 и се пласираа на Европско 2020.

Но главниот момент на вечерта не беа головите. После првиот погодок, миленикот на навивачите на Ливерпул прати силна порака: заедно со Френки Де Јонг отидоа до една од трибините и покажуваа на бојата на кожа на рацете.

Ова е акција против расизмот. Останатите играчи стоеа зад Вајналдум.

ПОТЕГОТ НА ВАЈНАЛДУМ НЕ Е СЛУЧАЕН

Жоржињо и целиот холандски фудбал се вознемириле од инцидентот во неделата на меч од втората холандска лига меѓу Ден Бос и Екселзиор (17 ноември).

Навивачите на Ден Бос урлаа мајмунски крици и го навредуваа противничкиот играч Ахмад Мореира со извици: „црнчиште“.

Во одговор на тоа Мореира излегол од теренот, а потоа судијата го прекинал мечот. Кога натпреварот продолжил, Мореира се вратил на терен и постигнал гол па прекрасно им одговорил на расистите

После натпреварот од клубот Ден Бос негирале каква било појава на расизам, но подоцна ја сменил позицијата и настапиле со официјално извинување.

Голем удел во борбата против расизмот имаше и репрезентацијата на Холандија која што на еден од последните тренинзи пред мечот со Естонија од квалификациите за Евро 2020, спровеле мала акција: застанале во круг и се држеле за раце.

Фотографијата беше објавена со натпис: „Доста е доста“ #STOPRACISM.

Екселзиор е клуб од Ротердам, родниот град на Џини Вајналдум. Жоржињо решил да не молчи и пред мечот со Естонија изјавил:

„Ова многу ме погоди. Никако не очекував дека вакво нешто може да се случи во Холандија. Не можам да поверувам. За жал, ете, се случи и тоа како луѓето зборуваа за настанот исто ме повреди.

Ова е проблем на целото општество. Ние играчите не можеме да го измениме тоа. Но мислам дека фудбалерите се должни да се поддржуваат еден со друг. Ова е проблем на нашето општествои политичарите се должни да го решат.

Се надевам дека ова е последен ваков сериозен настан. Тоа не смее да се повтори. Ова не беше просто расизам од навивачите на Екселзиор, јас видов дека имало дури и нацистички поздрави на трибините. Одма помислив: што ли не е во ред со вас штом дозволувате вакво нешто?

Нашите претци се бореле за ние да можеме да живееме заедно. Да употребуваш нацистички поздрав е многу понижувачки. Не смееме да допустиме такво нешто во Холандија. Тоа е мое мислење“, рекол Џини кој постигна три гола во победата на Холандија.

Во оваа земја фудбалската федерација сега разгледува и воведување на поголем број камери на стадионите и казнување на изгредниците кои ќе прават расистички испади.

Вајналдум смета и дека казните мора да бидат поголеми:

„Мислам дека треба да има многу посериозни казни. Слушнав дека ќе монтираат камери на трибините за да ги идентификуваат изгредниците. Казните мора да бидат жестоки за никој да не помисли да го повтори тоа. Сакаме да играме фудбал и да уживаме во него, да ги радуваме нашите навивачи. Не сакаме да видиме ништо слчно.“