СП 2018

Херојот на Хрватска го носи родниот град на копачките

По неверојатниот пласман во финале на Светско, камерите го снимија Марио Манџукиќ како од трибините бара знаме, но не обично знаме, туку со натпис на неговиот роден град.

Славонски Брод. Во овој град близу границата со Босна и Херцеговина во 1986-та се родил Марио Манџукиќ. Кога имал пет години, морал да ја напушти земјата со родителите затоа што почна крвавата војна.

„Луѓето веќе се убиваа пред вратите на нашиот дом. Не можевме да останеме во родниот крај. Се плашев за моето семејство“, раскажал еднаш татко му на Марио, Мато.

Семејството Манџукиќ се преселило во Германија каде Марио почнал да се занимава со фудбал. Животот им течел спокојно се до 1996 година кога локалните власти го избркале семејството од окргуот Штутгарт. Во ситуација кога немале каде, се вратиле во Славонски Брод.

И покрај тоа што дома му било тешко за живот, Марио на крајот се вљубил во малиот роден град. Го засакал до таа мера што секаде го носи со себе.

На Светското првенство игра во копачки на кои стои натписот на неговиот град:

Минатата година кога во Хрватска беснееа страшни шумски пожари, Манџукиќ се јавил кај пожарникарските екипи во Славонски Брод и прашал како може да помогне. На нивен совет купил опрема за гаснење пожар во вредност од 20.000 евра за пожарникарите од местото Супетар на Брач.

„Марио сакаше неговата донација да остане анонимна, но ние сакавме да му заблагодариме јавно. Ретко кој е способен да направи така значајна постапка, неверојатно. Го направи тоа од срце и праша што уште може да стори“, изјавил тогаш претставник на пожарникарските служби.

Во 2016 година Марио за фудбалската школа на клубот Марсонија каде тренирал од 1996 до 2003 купил стотици топки, опрема за тренирање и лично тренирал со младинците.

Тогаш и се родила неговата главна традиција - да игра со бројот 17. Имено во една сезона за Марсонија дал 17 гола и кога требало да бира број прво во НК Загреб, па во Динамо, тој не размислувал и ја земал 17-та. Истото и подоцна во Германија и денес во Јувентус.

Во Славонски Брод Марио научил да работи со керамика и тоа е едно од неговите најголеми хобија.

„На крај од краиштата, на многу луѓе мојот живот им изгледа додевен. Јас најмногу од се сакам да бидам дома со девојка ми“, вели Манџукиќ.

Името на девојката е Ивана и редовно стои на копачките на Марио. Таа нема јавни профили на социјалните мрежи и никогаш не се појавуваат заедно во јавност. Манџукиќ сакал да го огради семејството од јавно внимание.

„Спокојот секогаш го наоѓам во својата родна Славонија“, напиша Марио на Инстаграм во 2017 година.

Тој активно ги поддржувал социјалните акции за почист воздух во неколку хрватски региони.

За време на дуелот Русија - Хрватска во четвртфиналето, Марио купил пиво за сите кој гледале фудбал на големиот видео бим во Славонски Брод. Тоа го чинело 3.800 евра.

Родниот град е неверојатно горд на Манџукиќ а синоќа цела ноќ се славело по цела Славонија по неговиот гол против Англија.

„Марио е душа на нашата репрезентација. Тој не движи напред“, изјави селекторот Златко Далиќ кој е творец на најголемиот успех во историјата на хрватскиот спорт.