Голот пред син ми по кој може да одам во пензија

Ја почна кариерата во Торино во 1996-та кога Мбапе и Донарума не биле родени. Од 2002-ра во Киево се менуваат играчи и тренери, а тој не мрда. Активен е 23 сезони од кои 17 на Бентегоди. Не е славен како Тоти, ама жилав и упорен е како него. Се работи за идолот на навивачите на Киево.

Тој од левата страна е Серџио Пелисие. Роден е на 12 април, 1979-та година. Фудбалер по професија.

На речиси 40 години му даде гол на Лацио, број 110 во Серија А. Сите за Киево.

Значи не за Лацио или Наполи, туку за Киево.

Тој од десно е неговиот син Матео. Има 7 години и во неделата на Бентегоди беше собирач на топки зад голот. Привилегија која клубот им ја дава на најмалите деца кои тренираат кај нив.

Токму на тој гол со продор како на 20 годишник, тато Серџо постигна одличен гол пред очите на неговиот син.

Откако постигна гол, Серџо мислеше само на Матео.

„Сакав да дадам гол пред син ми и сега можам да се пензионирам“.

Оваа прегратка е помеѓу татко и син. Прегратка за која сите зборуваат во Италија. Прегратка која не е убавото од фудбалот, туку од животот.

Голот и емотивниот момент на Серџо и Матео

Разговрот меѓу таткото и синот за прегратката и општо за фудбалот

5 декември 2018 - 14:41