Голманот на Вест Хем за кој зборува фудбалска Британија

По катастрофалните резултати на екипата, тренерот на Вест Хем Мануел Пелегрини висеше со една нога над бездната од отказ. Го спаси третиот голман кој никогаш не бранел во Премиер лига.

Интернетот синоќа беше преплавен од видеа и фотографии на кои се гледа како голманот на Вест Хем во солзи после победата над Челси на гости, се качува на трибините и се гушка со татко му.

ШТО ТОЧНО СЕ СЛУЧИ?

Вест Хем ја почна сезоната 2019/20 со Лукаш Фабиански на голот, еден од најдобрите голмани во Премиер лигата.

Втор голман, негова резерва беше Роберто Хименез кој практично три години нема врзано два меча ниту во Вест Хем ниту во Еспањол. Хименез го смени Адриан кој замина во Ливерпул.

И во октомври Фабиански го повреди колкот поради што ќе паузира три месеци. Резервниот голман Хименез бранеше на 7 меча во Премиер лига, но го разочара Мануел Пелегрини - 0 победи, 0 натпревари без примен гол, 13 примени погодоци и многу несигурна игра на голот.

ДЕБИ НА НЕПОЗНАТИОТ ГОЛМАН КОЈ ГИ ОСВОИ НАВИВАЧИТЕ

Вест Хем во саботата дојде на гости кај Челси во серија од дури 7 меча без победа во Премиер лига (или осум ако го сметате дебаклот 4:0 од Оксфорд во Лига Купот каде исто бранеше Роберто Хименез).

На градското дерби на Лондон Пелегрини реши да му даде шанса на Дејвид Мартин - третиот голман на екипата кој НИКОГАШ претходно не бранел во Премиер лига.

Мартин го почна мечот меѓу стативите против Челси, имаше пет одбрани (Челси дури 19 пати шутираше кон противничкиот гол - 5 пати во рамките), а Вест Хем славеше на крај со голот на Чилвел. Ова беше изненадувачка победа на „чеканите“ над големиот ривал и прва победа уште по триумфот над Манчестер Јунајтед (на крајот од септември).

На крајот од мечот, голманот со солзи клекна на колена од среќа, а соиграчите го креваа.

Потоа отиде на трибината каде стоел татко му и заедно се расплакале. Дејвид Мартин има 33 години а синоќа првпат бранеше во Премиер.

„Семејството на Дејвид е силно поврзано со клубот. Не му беше најлесно да дебитира во Премиер лига во ваков тежок момент (серија на порази и тренер пред отказ). Во текот на неделата му кажав дека сум решил тој да брани и чувстував дека е спремен. Му се доверив на Дејвид. Тој беше многу спокоен пред мечот и во текот на 95 минути игра покажа што требаше да покаже“, ја оцени играта на голманот, тренерот Пелегрини.

КОЈ Е ДЕЈВИД МАРТИН?

Тој има 33 години а во Вест Хем стигнал летово од Милвол каде за две години бранел на само 11 меча во Чемпионшип. Најуспешен период во неговата кариера била првата половина од 2000-те години кога 7 сезони бил прв голман на нисколигашот МК Донс. До тогаш тој неколку години бил голман на Ливерпул кој го позајмувал на многу места.

„Многу сум среќен за Дејвид. Доби шанса и ја искористи. Ужасно сум горд на него. Дејвид кога дојде во клубот сфати дека ќе биде трет голман. Но секој ден работеше напорно на тренинзите и стана највреден во тимот. Среќен сум што конечно дебитираше во Премиер лига и ја сочува мрежата на „Стемфорд Бриџ“. На не многумина им успеало тоа“, го пофали третиот голман на екипата, стрелецот на победничкиот гол Арон Крисвел.

Најинтересно е што Мартин како дете тренирал во Вест Хем, а татко му Елвин Мартин на 21 година дебитирал за Вест Хем на времето и одиграл дури 600 меча за „чеканите“. Интересно татко му бил познат капитен на Вест Хем а одиграл и два проштални меча.

„Татко ми ништо не прозборе, мислам дека и двајцата плачевме. Мислам дека многу му е драго затоа што играше за клубот 21 година, го виде моето деби без примен гол и наша победа. Уште се ми е нереално. Пресреќен сум иако не мислев дека ќе добијам шанса некогаш. Имам 33 години, имав добра кариера, многу бранев, но дали тоа може да помогне пред ваков меч. Два дена се спремав за натпреварот, а Крисвел се смееше со мене кога ми ја земаа чинијата, јас просто не можев да се дојадам!“