Голманот на Египет одбил награда за играч на мечот поради пивара

Фудбалерите на Египет беа тврд орев за Уругвај во вториот меч од првото коло во групата А, а и покрај поразот од 1:0, голманот на Египет беше прогласен за најдобар поединец на мечот.

Мохамед Ел Шенави има 29 години и е прв голман на Египет иако неговата замена Ел Хадари кој е настар учесник на Светското со 45 години ги изнесе квалификациите на свој грб.

Ел Шенави доби предност да брани против Уругвај и направи се што можеше но во 89’ минута прими гол зошто неговата одбрана не издржа.

Неколку минути по крајот на дуелот го прогласија за најдобар играч на мечот но одбил да ја прими наградата која што ја доделува генералниот спонзор на Светското, производителот на пива Бадвајзер.

На Мундијалот во Русија играат дури седум репрезентации за кои играат претежно муслимани (Нигерија, Тунис, Сенегал, Египет, Иран, Мароко, Саудиска Арабија) па луѓето од овие земји се бунеле што наградата ја доделува компанија која произведува алкохол.

Народите од овие земји од религиски причини не конзумираат алкохол и остро се противат на негова промоција.

Извесно и другите фудбалери од исламска вероисповест ќе му се придружат на Ел Шенави во случај да го добијат признанието „играч на мечот“.