Две во едно: голман и сељачиште на денот

„Жена ми ми вика, добро како е можно да бидеш една личност дома а друга на терен“, изјавил аргентинскиот голман кој се посрамоти и себе и репрезентацијата со многу простаклуци. И не само сега во финалето.

Емилијано Мартинез фрли дамка на прекрасната вечер на Аргентина која еуфорично ја славеше третата светска титула, прва после цели 36 години.

Иако во многу наврати бранеше одлично, неговите одбрани одат во втор план поради простачкиот однос.

Прво за време на пеналите, го испровоцира младиот Французин Тчуамени откако му ја фрли топката далеку на страна:

Откако на свечената церемонија му ја доделија наградата за најдобар голман на Светското првенство 2022, гестикулираше непристојно:

Мартинез и по средбата со Холандија во 1/4 финале кога Аргентина победи на пенали, тотално идиотски му се пушти и вербално го навредуваше холандскиот селектор Луј Ван Гал (71) кој може да му биде татко. (види: Голманот на Аргентина го пцуеше Ван Гал во фаца)

Синоќа после свеченото доделување на пехарот и другите награди, во соблекувалната голманот на Арсенал додека правеле вовче, рекол: „Минута молк за..... Мбапе“.

Во моментите кога стана светски шампион, се качи на врвот на светот, прва работа која што ја направи Мартинез е да се посрамоти себеси, соиграчите, репрезентацијата во неколку секунди.

19 декември 2022 - 09:37