Го паметите ли Пинто - вечно вториот голман на Барса кој сега е музичар

Во епохата на Пеп Гвардиола, една од најневеројатните ери во Барселона, на клупата седеше резервниот голман Хозе Мануел Пинто - препознатлив по долгата коса, плетенките и неретките циркуси.

Пеп секогаш го пушташе Пинто да брани во Купот и на малку важните натпревари. Така Хозе собра 89 меча за Барселона со нималку лоша статистика: 74 примени гола и 37 средби со сочувана мрежа.

Во 2014 година смешниот лик Пинто ја заврши кариерата и се посвети на музиката.

Тој бил по музиката уште во детството - на 14 години пишувал песни, а во 2000 (кога имал 25) основал дискографска куќа по име Wahin Makinaciones. Wahin е сценски псевдоним на шпанскиот голман.

Тој не ја напуштил втората животна страст ниту во време на професионалната кариера.

„Сите дечки знаеа со што сакам да се занимавам. За време на долгите летови и патувања читав книги за аранжмани и снимање. Музиката ми помогна да го пребродам тешкиот период во мојата спортска кариера“, раскажал еднаш Пинто.

Поранешниот резервен голман на Барселона има дури и диплома за „музички инженеринг“ и магистерски степен во музичка продукција.

Неговата композиција "La Habana" станала саундтрак за осмото продолжение од филмот The Fast and the Furious, а како продуцент и аранжер во 2016-та го освоил латино-американското Греми (музички Копа Либертадорес). Шакира има 13 такви награди.

Пинто не размислувал за враќање на теренот, но не губи врска со фудбалот. Тој напишал музика за документарниот филм Take the Ball, Pass the Ball (за Барселона под водство на Гвардиола). Годинава Пинто Wahin снимил и дует со Дани Алвеш (уште еден музичар во обид).

Пинто периодов работел на песна заедно со Лео Меси - тие се многу блиски другари, а една од композициите кои ги продуцирал Хозе уште во време на играчката кариера, толку многу му се допаднала на Аргентинецот што станала химна во соблекувалната на Барса (се работи за песната Delahoja – Nuestra B.S.O.)

Лионел неодамна потпишал договор со патувачкиот циркус Cirque du Soleil за организација на заедничко шоу кое ќе има светска турнеа во 2019 година. Погодете кој пишува музика за овој проект?