Гатузо ќе го тепаше помошникот поради невнимание

Милан на мускули, едвај го победи Киево со 3:2 и се приближи до зоната која води во Лигата на шампионите. Мечот беше толку неизвесен во финишот што Гатузо не видел колку судијата продолжил, а за малерот да биде поголем, не видел ни тим-менаџерот Андреа Ромео задолжен за комуникации со четвртиот судија.

***
„Ме збудалеа. Некој ми викаше уште 3 минути, некој 4. Има среќа што не му го искршив телефонот“, насмеан изјавил Гатузо на прес-конференцијата после мечот и додал дека се разбрале со тим-менаџерот со кој се во добри односи.