Гатузо до новинар: Да не те тепал некој што личи на Чалханоглу?

На волку многу испади на прес конференции во неговата до сега куса тренерска кариера, да не знае човек кој е побудала: фудбалерот Џенаро Гатузо или тренерот Џенаро Гатузо?

Сезонава уште не е при крај, а Гатузо пак скоро ја почна кариерата како тренер, но веќе се натрупа материјал со изјави со кои може да му составиме топ листа.

Колку е директен, комичен и откачен овој човек тоа е чудо невидено. Откако еден ден ќе му ги собереме на куп сите ствари што ги кажал, нема да знаеме што попрво да сместиме на врвот.

Кога ќе тресне нешто обично тоа го прави на прес конференција во дуел со новинар, ама мртов сериозен е. Не знаеш дали се шегува или ќе стане и ќе ти опне една заушка, како што им прави на играчите.

Последниот негов дијалог со новинар оди вака.

Новинар: Во однос на составот, дали тоа значи дека Чалханоглу...

Гатузо: Ама ти си опседнат со Чалханоглу. После ќе ти одговорам за него. На колку пресови си ми бил до сега? Едно 50 а? Се кладам дека на 30/35 ме имаш прашано за Чалханоглу.

Гатузо до новинар: Да не те тепал некој како мал што личи на Чалханоглу?

Ако Џенаро Гатузо продолжи вака да ги води прес конференциите, тогаш книга не му бега со наслов: „Прес конференциите како заштитен белег во мојата кариера“.

Ќе има многу за читање.

11 март 2019 - 14:22