„Фудбалските менаџери се лежи лебу да те јадам“

Еден од двајцата ко-сопственици на англискиот Вест Хем, Дејвид Голд им предложил на колегите од Премиер лига заедно да се откажат од услугите на агентите и сами да ги заклучуваат трансферите, без посредници.

Како што пишува The Times, минатата сезона клубовите од најдобрата англиска лига на посреднички услуги потрошиле дури 211 милиони фунти!

Во четири од пет случаеви се работело за конечен премин, позајмица со право на откуп на договор или нов договор - во овие случаеви кога зделката има двајца претставници, агентот зема пари од две од вкупно три страни учеснички (клубот што го продава играчот, клубот што го купува играчот и самиот играч).

Овој маѓепсан круг не им се допаѓа на сопствениците на клубовите. На собирот на шефовите на премиерлигашите во четвртокот, Голд им предложил на колегите да седнат и да размислат за тоа само играчите да ги плаќаат агентите а не клубовите.

Сопственикот на Вест Хем бил мошне гласен и остар во својот настап, соопшти BBC. Рекол дека агентите „почнуваат да управуваат со фудбалот“ и „лапаат тони пари“.

„Не можам да поверувам дека уште зборуваме за ова. Со должна почит кон самите агенти ама тие не прават ама баш ништо за фудбалот. FA треба да ги одвои нашите чувства и мора да стори нешто. Од самиот почеток агентите прават не како ние сакаме туку како сакаат тие. Ова е работа за ФИФА и УЕФА но ние мора заедно да дејствуваме. Се надевам дека нема да не изневерат“, рекол Голд.

14 септември 2018 - 14:05