Фудбалскиот месец кој со душа го чекаме на лето

Тезата дека кога нема светско или европско, нема фудбал цело лето е погрешна. Како нема, кога не овој, следниот викенд ќе се најдеме во кладилница. Стартуваат англиско и француско. Прво коло: Манчестер Јунајтед - Челси. Па па па.

Ако ви сте здосади од Дуделанж, муделанж и такви ствари како и пријателски натпревари колку за шоу, одиме на нешто посеризно кое се надзира. Августов почна многу жешко и ќе станува уште пожешко кога ќе видите што следува.

Сите пет европски лиги во кои се игра најјакиот фудбал почнуваат месецов. Мераци. Веќе на 9 август Ливерпул и Монако петочки ќе ги кренат завесите на англискиот и францускиот фудбалски пиадестал.

Првото коло во Англија ќе заврши со празник за очи кој се вика Манчестер Јунајтед - Челси. Само една недела подоцна билтенот ќе биде подебел со Германците и Шпанците, а шлагот е на крај со италијанско каде со голем интерес ќе ги следиме настапите на Пандев, Несторовски и Елмас.

Едвај чекаме.

ПРЕМИЕР ЛИГА

ЛИГА 1

БУНДЕС ЛИГА

ЛА ЛИГА

СЕРИЈА А

1 август 2019 - 15:34