Фудбалерот кој го обединува Блискиот Исток и ги помага египетските села

„Тоа што го прави тој не го направил ниту еден политичар. Салах ги обедини сите - Мароканци, Тунижани, Саудијци, Кувајтци, жители на Емирати и Оман - сите го сакаат. Кога се случува некаков напад, Салах е единствен кои ги теши жителите и им дава надеж.

Салах е просто најдобар. Во Египет обновува школи и ја помага економијата. Велат дека во Египет има две светски чуда - пирамидите во Гиза и Мохамед Салах.

Него го обожуваат одамна, но откако ја однесе својата земја на Светско првенство првпат после 28 години, стана херој на нацијата.

Во Египет еуфоријата од големиот триумф постепено се стишила, но Салах немаше намера да застане. Во Новата година го бираа за најдобар фудбалер во Премиер лигата: 17 гола во првенството, 6 во групната фаза на Лига на шампиони. Го доби и признанието најдобар играч на Африка за 2017. Дома не го сакаат само за неверојатните игри, туку и за подемот од египетската пустина.

Салах растел во селото Нагриг, недалеку од Александрија. Фудбал почнал да игра на седум години - кога ги гледал волшебствта на Роналдо, Тоти и Зидан на стариот телевизор каде гледал фудбал.

Во селото немало нормален фудбал па Салах со другарите правеле топка од стуткани чорапи. Така играл до 14 години кога скаутите на клубот Ераб Контракторс од Каиро го приметиле малиот Мохамед на еден школски турнир органиризан од PepsiCo.

Школскиот турнир му го донел на Салах првиот договор, но тој морал да оди на тренинг до кој се дрнкал во комбе цели четири часа - морал да смени најмалку три автобуски лини. И така секој ден.

„Морав порано да излегувам од школо. Одев на тренинзи во девет сабајле, а потоа носев оправданија од клубот која гласеше ’Мохамед може да го напушти школото порано за да успее да стигне на тренинг на време’. Така во школо поминував по два часа дневно. Околу 3-4 години одев на тренинг пет дена во неделата. Во 9 излегував од дома, а требаше да и се приклучам на екипата во два часот. Тренинзите и обврските завршуваа во шест навечер и дома се враќав во 22:00-22:30“, се сеќава најдобриот фудбалер во Премиер лигата во моментов.

Вистина е дека таквата жртва му се исплатела: уште на 19 години дебитирал за репрезентацијата на Египет. На подготовките за Африканскиот Куп на Нации 2012, репрезентацијата играла серија пријателски средби, а еден од противниците бил и Базел. Египѓаните победиле 4:3, Мохамед постигнал два гола и ги восхитил швајцарските газди кои после неколку дена го донеле во Европа.

„Беше многу тешко. Неверојатно е сложено да се преселите на друг континент на рана возраст. Јас израснав во Египет, се знаев за Египет. Но ништо не знаев за Швајцарија. Не знаев ни англиски, ни швајцарски, ништо. Не знаев што ќе јадам, каде ќе живеам и други елементарни работи“, памети Салах на почетоците во Европа.

Поминаа шест години од тогаш и Салах блескаше се повеќе. Тој е главна ѕвезда на Ливерпул, научил јазик, а 100.000 фунти неделно лесно му помогнале да ги истера од памет сиромашното детство и многучасовните патешествија до Каиро.

Но славата не го сменила. Со поголема заработка на пари, Мохамед сфатил колкави можности има да му помага на Египет и на родното село.

Неколку пати покажал колку големо срце има:

МУ ПРОСТИЛ НА КРАДЕЦ И СЕ ОТКАЖАЛ ОД ВИЛИ

Како што рекол кога дошол во Aнглија, омилен збор на овој јазик му е Love. Се занимава со милосрдие и ги уважува сите околу себе.

Во ноември 2017, вечерта кога Мохамед дал два гола против Конго (2:1) и Египет удри печат на визата за Светско 2019, станот на неговиот татко го ограбиле. После пар дена го нашле разбојникот и го уапсиле, а татко му на Салах го дал на суд. Наеднаш реакцијата на син му била неочекувана: Тој му простил на крадецот, се сретнал со него, му дал пари и му помогнал да најде работа. Ако разбојникот не се исправи, Салах го направил најважното: му дал шанса.

Оваа неверојатна историја се прочула низ цел Египет. Тамошен богат бизнисмен толку многу се израдувал на пласманот на Египет на Мундијалот што сакал да му подари на Мохамед раскошна вила. Требало само Салах да се согласи и да оди на екскурзија во новиот дом. Но тој одбил и му кажал на Абас дека ќе му биде многу мало ако даде средства за развој на селото Нагриг.

ОБНОВУВА БОЛНИЦИ И ПОМАГА НА ЕГИПЌАНИТЕ ДА ЗАКЛУЧАТ БРАК

Салах е многу загрижен за родното село. Тој не жали пари за тој крај, таму го реновирал школото, отворил фудбалски терен и закупил земја за спортска сала.

Главешината на селото Махер Шетија е бесконачно благодарен: „Освен што Салах го прочу нашето село на светската карта, тој дава и пари за развој. Донираше пари за болницата Базиун - за вентилациона соба, за препарати и за возила за Брза помош“.

Салах им помага и на младите парови да склопуваат брак, им дава пари за организирање свадби.

Тој често доаѓа во Нагриг: „Доаѓа за секој Рамадан и носи подароци за децата од селото. Без исклучок дава автограми и се фотографира со секого. Од детството воопшто не е сменет“, раскажал негов другар од детството Басони.

Поради бескрајната помош, жителите на селото го нарекле школото по него и младинскиот центар.

СПАС ЗА ЕГИПЕТСКАТА ВАЛУТА И ПОМОШ ЗА ФУДБАЛСКИТЕ ВЕТЕРАНИ

На крајот од 2017-та, Салах направил уште два неверојатни геста. Прво ја спасил египетската фунта кога чиновниците признале дека им треба помош од странска валута (дефицитот е еден од најголемите економоски проблеми на земјата). Салах станал првиот кој помогнал и на државата и дал 210.000 британски фунти за опоравок.

Потоа Мохамед дал уште 27.000 фунти во фондот на Здружението на фудбалски ветерани на Египет. Оваа асоцијација ги поддржува поранешните играчи кои се стекнале со сериозни финансиски проблеми. Салах помага и 120 семејства чијшто месечни приходи не надминуваат 400 египетски фунти (16,65 британски фунти). Просечната плата во Египет изнесува 2.900 во месната валута.

Интересот на Салах за целиот Блиски Исток го објаснил Хатем Кадус, главен човек на Oil Field Index Podcast - лидер меѓу арапските навивачи на Ливерпул.

„Тоа што го прави тој не го направил ниту еден политичар. Салах го обедини Блискиот Исток. Мароканци, Тунижани, Саудијци, Кувајтци, жители на Емирати и Оман - сите сакаат дрес со неговото презиме. Тој дава надеж на 90 милиони жители на Египет. Ние имаме сериозни економски проблеми и скоро секоја недела кога се случува некаков напад, Салах е единствен кои ги поддржува жителите и им дава надеж.

Треба да видите како е по кафулињата во Каиро кога игра Ливерпул - просто е неверојатно. На два часа тој ја обединува земјата и ние забораваме за сите ужаси кои нè опкружуваат“.