Фудбалер на Рапид ќе патува во Милано за ЛЕ со копачки, ама и со кондоми

На вечерашните средби во Лига Европа во Милано не треба да се пази само Интер, туку и манекенките во Милано, бидејќи доаѓа фудбалер со двојни намери. Сака да погоди нешто и надвор од терен.

Интер и Рапид Виена вечерва играат реванш во нокаут фазата од Лига Европа со почеток од 21:00. Австријците имаат задача да анулираат негатива од 0:1 од првиот дуел, ама кој како. На пример на Филип Шобесбергер од среден ред на друго место му оди паметот.

Фудбалерот од средниот ред на Рапид ќе патува во Милано со намера да закачи некоја манекенка. Тоа го откри на социјалната мрежа Тиндер на која направил тазе апдејт со текст:

„Барам модел. Таму ќе бидам само две ноќи, така што побрзајте“.

Освен текстот со многу јасна порака, Филип ја сменил и сликата и ставил од првиот меч во Виена за повеќе да ги импресионира женските.

25 годишниот Австриец сезонава нема постигнато гол, а во Милано ќе се обиде да стрела на две полиња. Со среќа.

21 февруари 2019 - 15:17