Фотографот кој случајно стана дел од прославата на Хрватите

Во вториот екстра тајм од полуфиналето на Светското, Марио Манџукиќ постигна прекрасен гол а толпата хрватски играчи во еуфоричната прослава се израдува и со еден турнат фотограф кој лежеше на земја и славеше со нив.

Јури Алберто Кортес Авалос е роден во Салвадор, а живее и работи во Мексико. Тој е фотограф за една од најголемите фотоагенции на светот AFP (Agence France-Presse). Светското во Русија е четврто во неговата кариера, но никогаш не учествувал во прослава со играчите како синоќа.

„По голот, Манџукиќ и целата репрезентација скокаа врз мене. Седев на самиот агол, ги сликав со фокусен објектив, а кога сфатив дека ми се приближуваат, брзо ја префрлив камерата со поширок објектив. Сликав, сликав, но тие немаа намера да станат и скокаа над мене. Не можеа да ги контролираат емоциите, пробавме да останеме на нозе, но под притисок сите паѓаа врз мене на тревникот. Што е најинтересно јас продолжиив да ги сликам а тие дури и ми позираа во објективот“, со насмевка раскажува Салвадорецот Јури Кортес кој цел живот ќе го памети овој Мундијал по необичниот настан.

Најважно е што техниката ми остана неоштетена, дечките не скршија ништо. Ова првпат ми се случува. Обично кога фудбалерите слават, тие може да истрчаат кон тебе или во тек на играта случајно да те удри топка, но вакво нешто ми се случува првпат.

После, кога едвај дојдоа при себе, беа максимално дружељубиви. Ми помогнаа да станам, ме бакнуваа, ме гушкаа, се смееа. Се надевам дека Хрватска ќе го освои Светското и ќе ме викнат на празнична вечера на прославата. Им посакувам победа во финалето.

Сепак, најпознатиот фотограф на Светското од синоќа, веќе нема да престојува во Русија зошто му завршува ангажманот.

„За жал, јас нема да останам на финалето. Тоа ми беше последен натпревар на Мундијалот. Сега одам на аеродром и фаќам лет за дома. Но крајната емоција беше неверојатна. Сум бил на Олимпијада, Копа Америка, Куп на Конфедерации и многу големи турнири, но никогаш не сум доживеал вакво нешто“, заклучува Јури Кортес Авалос.