Фотографија на денот во Италија

Откако Кориере дела Сера објави статија со фотографија на која се гледа едно дете со дрес на Ѕаниоло од Рома во центарот на Милано, позитивните реакции продолжуваат.

Едно дете чија желба за фудбал е поголема од сите ужаси со кои се соочува Италија, како да охрабри дел од жителите на најпогодената земја од коронавирусот.

Оваа фотографија е универзална метафора за тешките моменти низ кои минува светот - зошто детето на сликата е само, на една од најпрометните улици во Милано која со недели е мачно пуста и тивка. Сликата како во целост да го доловува она што целиот свет го чувствува периодов - да заурла за излез од оваа неизвесна ситуација.

Дете со фудбалска топка која лесно станува универзален симбол на слобода.

Николо Ѕаниоло, младиот фудбалер на Рома чиј дрес носи детето на фотографијата, можеби е еден од оние на кои посебно тешко им паѓа состојбата, затоа што пар месеци пред вирусот да почне да се шири по Европа, тој ги скина лигаментите и подолго време беше во болница па дома. Карантинот и изолацијата дополнително го погодија овој најталентиран млад фудбалер и репрезентативец на Италија.

Од таа причина, Николо Ѕаниоло му се обрати на детето на сликата.

„Оваа слика многу ме воодушеви! Не знам кој си, ама колку сум горд што те гледам во мојот дрес! Знам дека е тешко и чудно да се игра фудбал сам во празен град, но ќе издржиме уште малку и кога се ќе биде готово, знам дека ќе ми пратиш слики како играш со другите деца! (Можеби како славиш гол). Те чекам во Тригорија. Благодарност до Кориере дела Сера за овој фото улов“.