Фотографии од семејниот албум на Џиџи Буфон

На денот кога објави дека во сабота играчки се збогува со Јувентус (и во очекување да дознаеме дали ќе се збогува и со фудбалот), дојде ред да го разгледаме неговиот омилен албум со спомени.

Џанлуиџи во прегратка на мајка му Марија Стела Масоко со една од своите први топки во рака. Десно, една ’пророчка’ фотографија: облечен во црно-белите бои на Јувентус со знаме на „Старата дама“ во рака:

Крштевката во црква, 15 години пред да го има првото „крштевање“ во Серија А:

Џиџи во раце кај татко му на една семејна фотографија во домашната градина:

Во прегратка на баба му: 

За мајка му Стела, по двете ќеркички Гвендалина и Вероника, Џанлуиџи било првото машко дете:

Навивач на Јуве уште од дете:

Во школо со наставничката:

30 јуни 1987 година, фотографија со екипата: првиот пехар Џиџи го освоил кога имал 9 години. Уште не открил дека сака да биде голман...

... Можеби затоа што како играч го наградиле со лично признание:

1990-та, за Италија значи домаќинство на Светско првенство, а за Џиџи година на созревање:

Уште еден пехар - овојпат сфатил за што е роден:

Во првата фудбалска екипа:

Веќе во пионерите на Парма каде е највисок од сите:

Фамилијарна фотографија, Џиџи на кревет:

Во младинците на Парма 1995-96: Џиџи Буфон е голманот најлево на фотографијата. Меѓу фудбалерите кои стојат горе, втор од лево е Симоне Бароне со кого Буфон стана Светски шампион 2006:

17 мај 2018 - 13:33