Фото на денот

Претседателот на шпанскиот третолигаш Унионистас, Мигел Анхел Сандовал во петокот напладне на состанок со градското собрание во Саламанка решил да го пречека Реал Мадрид во шпанскиот Копа дел Реј на своето стадионче „Лас Пистас“ кое собира 4.000 гледачи. А пазете ова, на само 50 метри до нивниот стадион се наоѓа еден поголем (17.000 капацитет) на попознатиот клуб Саламанка кој има играно и во Примера.

Реал Мадрид им понуди на луѓето од Унионистас да играат на „Сантиаго Бернабеу“ и приходот од карти да оди за Унионистас, ама на крај решиле дека дома си е дома. А на стадионот на Саламанка „Елмантико“ не сакаат да играат зошто се во лоши односи со нив:

Мечот се игра на 22 јануари (среда) од 21 часот.

17 јануари 2020 - 14:10