Фасцинантни бројки од едногодишното маркетиншко работење на ФК Осогово

Само пет дена откако пишавме дека се најмодерен македонски клуб во однос на тоа како се работи на интернет, само уште еднаш ни ја потврдија перцепција за нив. Друг клуб не ни излегува со вакви податоци за сопствената промоција.

Внимавјте на податоков:

ФК Осогово има 6 милиони прегледи за една година на социјалните мрежи и тоа 80% од посетите им се од странство.

Ете тоа е плодот на нивната работа на Фејсбук, Твитер и Инстаграм и тоа е кога имаат луѓе кои едвај чекаат да преспијат, за следниот ден да се отворат со некоја нова инвентивност.

Кочанчани кои заслужено ги испофаливме, добиваат пофалби и од Италија.

„Честитки до македонскиот клуб ФК Осогово за работата преку социјалните мрежи. Навистина браво“.

Осогово пред два дена ја почна продажбата на сезонски билети кои чинат по 500 денари, а за децата до 14 години влезот на стадион ќе биде гратис.

12 август 2019 - 22:32