Фантастичен гест на навивачи на Келн пред гостување во Белград

Поимот фудбалски навивач по дифолт на многумина им значи џаболебар, човек без школо, некултура и слично но има примери кои го докажуваат спротивното. Таков пример доаѓа од Германија.

Навивачката култура може да биде и пример за луѓето кои фудбалскиот клуб не го доживуваат како оние кои не можат да живеат без него. Во пресрет на мечот Црвена звезда - Келн од Лига Европа закажан за 7. декември, навивачите на германскиот клуб направиле феноменален гест. На порталот RedStarBelgrade.info специјализиран за случувања во Црвена ѕвезда, се логирал некој навивач на Келн кој напишал:

„Поздрав до сите,

Се регистрирав овде како навивач на ФК Келн и не би сакал да се мешам во дискусиите кои ги водите за својот клуб. Јас сум, исто така, долгогодишен член на форумот effzeh-forum.de најголем независен форум на ФК Келн со 2.700 корисници и знам дека навивачите на другите клубови не се добродојдени.

Нашиот клуб излегува во Европа првпат после цели 25 години, а тоа што имаме околу 100.000 регистрирани членови (повеќе од Реал Мадрид), зборува колку е нашиот град луд за клубот па дури и во сезоните кои ги минавме во втора лига каде имавме во просек по 40.000 гледачи.

Како што видовте во Лондон, нашите навивачи се многу активни и на гостувањата, таму бевме околу 20.000.

Ние имаме огромно почитување кон Црвена звезда и нејзините навивачи - вие сте прав клуб со голема традиција и фантастични навивачи. Ние во декември навистина не доаѓаме како било какви непријатели, туку како навивачи кои сакаат да прослават прав фудбалски спектакл.

Претпоставвме дека (како и во Лондон) картите предвидени за гостински навивачи нема да бидат доволно во однос на интересот на нашите навивачи. Сакавме да купиме поединечни карти за деловите веднаш до секторот за гостинска публика, но како што нè известија од сајтот кој продава карти, продажбата на поединечни влезници ќе започна дури непосредно пред самиот меч, а ние патувањето мора да го искористиме многу порано.

Така многумина купуваа пакет-влезници за сите натпревари на Црвена Звезда во Лига Европа на својот стадион.

Картите за БАТЕ Борисов и Арсенал кои не можевме да ги искористиме не ги фрливме. Ги проследивме до Домот за деца без родители во улица Звечанска, со цел тие деца да можат да ги гледаат големите средби на Црвена звезда. Многу љубезно ни се заблагодарија на тоа.

Сите навивачи на Келн кои купија блок-карти постапија исто и учествуваа во акцијата.

Поради тоа што децата беа неверојатно многу среќни, ние кои ќе дојдеме во Белград ден пред натпреварот Звезда - Келн би сакале да го посетиме тој Дом за деца без родители. Во нашата земја тој ден е празникот Свети Никола (за кој знаеме дека е најголема слава во Србија 13 дена подоцна), па сакаме да им донесеме на децата подароци кои се во нашата традиција за тој ден - овошје, ореви, лешници, колачи и играчки.

Забележавме дека на вашиот форум има и посебен дел: „Хуманитарни акции“ па можеби некој од нас ќе учествува и во тие акции. Фудбалот би требало да ги поврзува луѓето и да им го направи животот подобар.

Спортски поздрав од Келн,
Маркус“