Епскиот пречек на ново засилување - Дариус Васел во Анкара

Во јули 2009 година англискиот центарфор Дариус Васел од Манчестер Сити премина во турскиот клуб Анкарагучу. Дојде како реномиран шпиц кој игра за репрезентација. А кутриот претходно не гледал на Јутјуб како на аеродром се пречекуваат засилувања во турските клубови. Пребледе.

Во својата книга за ова искуство, Васел пишува:

„Само што се отвори вратата на аеродромот настана лудило. Луѓето викаа и скокаа. Ми дадоа шал, па уште еден шал и дрес. Палеа бакљи и петарди. Една девојка ми подари жолт букет цвеќе со клупските бои. Се осеќав како да дошол Нелсон Мандела или некоја рок ѕвезда, а не англиски фудбалер во турскиот фудбалски клуб“

13 јуни 2019 - 14:21