Епскиот балкански дуел на кој Македонија помогна со гол во 94-ра минута Србија да оди на ЕП

Европските квалификациски средби не вратија назад во времето две децении, на една незаборавна и ризична битка меѓу Хрватска и Југославија. Натпревар со многу славни имиња, емоции, лоши меѓусебни односи и тешки моменти за нашите северни соседи.

Се работи за крајот на 1999-та година кога бомбардираната Србија, уште под името на Југославија влегува во финишот на најтурбулентниот период во поновата историја со протести, немири, атентати, приближувајќи се до целосниот пад на Слободан Милошевиќ.

Во еден таков деликатен период нивната фудбалска репрезентација беше испратена во Загреб на реванш квалификацискиот меч против Хрватска за ЕП 2000. Сè што не беше поврзано со фудбал таа вечер беше во втор план.

Балканските простори не паметат спортски настан со набој до толкава мера. Пушките сè уште не беа оладени од војната во СФРЈ, а УЕФА на 18 јануари 1998-та во Гент на ждребот за Европското во Белгија и Холандија “закажа нова војна“ меѓу Југославија и Хрватска, овој пат фудбалска, но ништо помалку важна за свеста на двата народи.

Ниту еден друг меч не донел толку болка и страдање на едната и радост и гордост на другата страна, како тој легендарен 9-ти октомври на Максимир. Судбината сакаше тагата и среќата да добијат епски размери, а причината беше следна. Тоа беше последно квалификациско коло, а дел од лудото сценарио беше и Македонија.

Во групата 8 Југославија имаше 16 бода, Република Ирска 15, Хрватска 14, Македонија 7, Малта 0. Директен пласман на ЕП обезбедуваше само првиот, а вториот се бореше преку бараж. Тоа значи дека на Хрватска и требаше само победа, а на Југославија доволно реми, во случај Ирците да не слават на Градски во Скопје.

Составите на два тима боли глава. Едниот го водеше Чиро Блажевиќ, другиот Вујадин Бошков.

Хрватска – Југославија конечни 2:2. Стрелци Бокшиќ и Станиќ за домаќините, Мијатовиќ и Станковиќ за гостите. И двајцата ги најде на глава кој друг ако не, Синиша Михајловиќ.

Падна и еден црвен картон откако Мирковиќ направи грд потег. Го зграпчи за муда Јарни.

Хајлајтсот се гледа во еден здив.

Како Југославија отиде на Европско? Истовремено на Градски, Горан Ставревски во 94-та минута дрско со глава им ја закова на Ирците за конечни 1:1. Со тој резултат тие паднаа на второ место, а потоа испаднаа во бараж од Турција. Имаме и од тоа видео.

Задолжителна снимка за гледање е и оваа од повеќе аспекти кои ќе ви ги посочиме ако немате 10 минути за цела, а треба да имате.

На 2:20 е најлудачкото интервју во кариерата на Дејо Станковиќ кое сигурно сте го гледале, како сочно се пцуе со навивач. На 8:55 славјето на Србите во авион.