Епидемија на голови од пола игралиште

По Вејн Руни во МЛС, синоќа и Хари Кејн постигна луд гол од средина на терен и тоа против Јувентус. Нивната „маја“ го фатила и Русинот Денис Макаров од втора лига.

Или голманите во последно време не се на ниво на задачата, или има повеќе обиди од фудбалерите да постигнат гол од средина на терен. Сè почесто гледаме видеа во кои топката патува преку 40-50 метри и завршува во мрежата, како на голот да има мало дете кое не може да ја одбрани.

После Хари Кејн и Руни, сега и од Русија стигна преубав гол.

Во третото коло од руската втора лига, Армавир го пречекал дома Нефтехимик. Гостите победиле 0:2, а првиот гол паднал откако младиот фудбалер од среден ред Денис Макаров во 38’ минута приметил дека домашниот голман Руденок бил излезен:

Ова бил втор гол за Макаров на 3 средби сезонава.

Во изминатиов период паднаа неколку погодоци од половина терен:

Во Малезија

Вејн Руни

Хари Кејн

Автогол од пола терен

Во Унгарија

22 јули 2019 - 11:40