Емотивно испраќање на последниот гладијатор

Откако со солзи го испратија Франческо, навивачите на Рома синоќа се збогуваа и со неговиот наследник, најголемиот фајтер кој ја носел капитенската лента, Даниеле Де Роси.

Во Серија А синоќа имаше многу емоции. Додека некој грчевито се бореше за опстанок, а некој за излез во Европа, навивачите на Рома се поздравија со нивниот миленик кој не доби коректен однос од управата на „волчицата“.

Даниеле против Парма синоќа (2:1) го одигра последниот меч за Рома. 616 натпревари, 63 гола и 54 асистенции. 18 години во еден клуб. Љубов, верност, преданост. Дебитираше во октомври 2001 година против Андерлехт во Лига на шампиони - од тогаш до синоќа 6.417 дена беше член на АС Рома.

Од своето деби во Серија А во јануари 2003, до синоќа, Даниеле Де Роси забележа 459 настапи во италијанската лига.

Стадионот „Олимпико“ беше полн до последно место, илјадници навивачи на Рома по врнежливо и студено време за последен пат во жолто-црвениот го видоа светскиот шампион кој со клубот освои два Купа на Италија и еден Суперкуп.

Рома ја победи Парма со 2-1 но поради послабите резултати во последните неколку кола, заостануваше пар бода зад конкурентите и не обезбеди пласман во Лига на шампиони. Но илјадниците тифози на „Олимпико“ повеќе жалеа за нешто друго.

Де Роси играше од почеток и од игра излезе во 82’ минута при резултат 1:0 за Рома

Трогателниот момент кога излезе од игра и цел стадион го ореше неговото име:

Курва Суд, јужната трибина од „Олимпико“ каде секогаш стојат најжестоките навивачи на Рома вакво испраќање претходно му направи само и единствено на легендарниот Тоти:

Пред култната трибина Де Роси клекна на колена и го бакнуваше грбот на Рома. Многу луѓе на трибините плачеа од тага: